„Во една љyбовна врска постојат работи кои жената не треба да ги бара или изнудyва од својот маж, бидејќи се подразбира дека истите ги заслужува.
Ќе набројам само некои за кои сметам дека жената треба секојдневно да ги добива од својот маж, а доколку не се согласувате, слободно коригирајте ме, или дополнете го мојот список“, вели една наша читателка.
КОМПЛИМЕНТИ: Постојат мажи кои ќе ви кажат дека тие едноставно не се таков тип и не можат на својата драга да и кажуваат комплименти, бидејќи тоа според нив е тотална глупост.
Епа драги мажи, доколку ја видите вашата жена во некој убав фустан или дотерана, не е воопшто проблем да и кажете „Жено моја, изгледаш божествено вечерва“. Пофалете ја и нејзината природна убавина, а не само кога е дотерана.
Пофалете ја како готви, како се однесува кон другите луѓе… Еден зрел маж секогаш на својата партнерка ќе и упати убав збор, додека оние незрелите ќе се извлекуваат на тоа дека „не се створени такви за да делат комлименти“.
Целосна посветеност кон жените: Што значи ова? Ова значи дека жената треба да биде број еден за својот маж. Можеби и другите луѓе заслужуваат висока позиција во неговиот живот, и тоа е во ред. Никој не смее да се занемари.
Но, мажот треба да знае дека жената е поважна, на пример, од пријателот или соседот. Колку и да е поврзан за своите пријатели и близок со нив, тие не се оние со кои што тој живее и создава неразделна врска.
Тие не се таму кои се со него 24/7 како неговата партнерка. Тие нема да бидат покрај него „и во лошо и во добро“, во клучните моменти од својот живот.
Откажување: ова не значи дека мажот треба да се откаже од сè што сака во животот поради жената, од своето хоби или пријателите, туку само од оние работи кои и наштетуваат на врската.
Ако тоа е некој пријател со лошо влијание, тогаш подобро е да се откажете од него отколку да ја ризикувате врската со жената која ја сакате.
На пример, ако на една жена и пречи што нејзиниот маж излегува постојано како сè уште да е дете, тој не треба да се лути на нејзините зборови, туку треба да најде компромис што ќе им одговара на двајцата.
Или пак, доколку мажот има некоја навика која пречи во врската, тогаш подобро да најде начин како да ја ублажи истата или целосно да се откаже од неа.
ВЕРНОСТ: Лојалноста не се подразбира само во физичка смисла. Ова значи дека мажот треба да биде подготвен да се откаже од допишување со сите оние жени кои би можеле да ја загрозат неговата врска.
Во ред е да имате пријателки, во ред е да имате соработници. Но, во секое допишување треба да се има граница и да се сочува интегритетот, со службен и достоинствен тон, без претерувања.
Време е за вас двајцата: Ова е уште една многу важна работа во врската што треба жената да ја добие од мажот без да го побара тоа од него.
Не треба да зависи само од жената и таа да биде главен иницијатор за излегувањата, прошетките и патувањата. И мажот треба да покаже колку се грижи и понекогаш да смисли нешто романтично само за нив двајца.