Заборавете на фритеза и помфрит кој впил многу масло – направете си компирчиња зо вашата рерна!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг компир

2 лажици црвена мелена пиперка

1 лажичка чили

1 лажичка кари

2 лажици сув мелен зеленчук (вегета)

50 мл маслиново масло

Сол и црн пипер

Лук во прав

ПОСТАПКА:

1.Излупете го компирот, измијте го и исушете го со кујнска салветка.

2.Исечете го на парчиња со величина по ваша желба.

3.Во поголем сад ставете 50 мл маслиново масло, додадете мелен црвен пипер, вегета, сол, црн пипер, чили, кари и лук во прав.

4.Мешајте додека сите состојки убаво да се соединат.

5.во смесата додадете ги компирчињата и оставете 5-10 минути.

6.Во загреана рерна на 200 степени печете ги компирчињата додека да заруменат.

7.Кога компирот ќе бидете испечен, можете да го префрлите врз хартиена салветка за да се одземе вишокот маснотија доколку ви пречи.