Ако секое утро пиете топла вода со прстофат црн пипер во прав, ќе ви случат следните неверојатно добри работи со вашето општо здравје, а промените ќе бидат видливи како внатрешно, така и надворешно.
Го подига имунитетот. Мешавината од топла вода и црн пипер во прав може да го зајакне вашиот имунитет во голема мера, а со тоа вие ќе бидете поздрави и ќе бидете поотпорни на настинки и вирози.
Спречува дехидратација. Пиењето топла вода со црн пипер секојдневно може да ги одржува вашите клетки хидрирани и да спречи дехидрација, умор, сува кожа, итн.
Ја подобрува издржливоста и дава енергија. Ќе забележите дека овој здрав пијалак ќе направи да се чувствувате повеќе енергично, метаболизмот ќе ви се забрза и подобри, а вашиот систем ќе биде активен и силен. Доколку имате вишок килограми, ќе забележите како тие од ден на ден – забрзано се намалуваат.
Ја подобрува текстурата на кожата. Мешавината на топла вода и црн пипер во прав може да ве ослободи од нечистотии и да ги исчисти порите на кожата одвнатре, да го намали производството на себум, а со тоа да го осветли вашиот тен и на кожата да и даде здрав изглед.
Природна детоксикација. Овој здрав напиток делува како природен детоксификатор преку елиминирање на нечистотиите и токсините од вашето тело, на тој начин помагајќи да се одржи оптимална здравствена состојба која е потребна за вашата целокупна благосостојба. Во продолжение прочитајте за што сè може да помогне црниот пипер.
Црниот пипер претставувал драгоцена намирница во трговијата помеѓу Индија и Европа. Додека нафтата не го презела тој назив, пиперот бил познат како „црно злато“. Во времето кога не постоеле пари, со црн пипер се наплаќала робата, а само богатите Европејци во раниот среден век можеле да си го препуштат задоволството да го користат како храна и лек.
Црниот пипер има бројни лековити својства кои иако го користиме секој ден, не сме свесни за неговата моќ кој ја прави врз нашиот организам. Секако доколку е во комбинација со куркума, неговото лековито дејство се зголемува за 2000 пати.
Црниот пипер може да помогне при дијабет
Истражувачите утврдуваат дека пиперинот значително придонесува за забрзување на метаболизмот, со што може да помогне при процесот на слабеење. Знаеме дека дебелината е еден од најчестите ризик фактор за развој на дијабет.
Намалување на кр-вниот притисок и холестеролот
Сите знаеме дека употребата на солта во денешно време е сериозен проблем кога станува збор за одржувањето на нормалниот кр-вен притисок. Почестата употреба на зачините, помеѓу кои најупотребуван е црниот пипер, може да доведе до значително намалена потреба за посолување на оброците.
Дополнително, во направените истраувања врз животни, екстрактот од црн пипер се покажал како делотворен во однос на намалување и на холестеролните нивоа. Како што претходно споменавме, пиперинот од црниот пипер за 2000 пати ја подобрува апсорпцијата на куркуминот од куркумата, кој исто така има докажан ефект во намалувањето на холестеролните нивоа.
Подобро здравје на мозокот
Повеќе студии наоѓаат релација помеѓу значително подобрената когнитивна функција и зачестената употреба на пиперинот. Така, во едно истражување се вели дека пиперинот може во голема мера да придонесе за подобрувањето на меморијата кај лицата со Алцхајмер, односно има способност да ги успори невродегенеративните процеси во хипокампусот.
Поздрави црева
Капсицинот и пиперинот се двете компоненти на црниот пипер кои можат да придонесат за подобро дигестивно здравје. Нивната ,,лутина” влијае на т.н. TRPV1 рецептори во дигестивниот тракт, што понатаму резултира со излачување на хемикалии кои придонесуваат за намалување на болките и ја подобруваат целокупната дигестија.
Подобра апсорпција на нутриенти – покрај куркуминиот, црниот пипер ја подобрува апсорпцијата и на други важни хранливи материи, како селен, калциум, но и одредени антиоксидативни компоненти на зелениот чај.
Го заштитува црниот дроб – помага во одржувањето на нормалните нивоа на глутатион, важен антиоксидант кој често се ,,троши” со оштетувањата на црниот дроб.
Oлеснување на симптомите при респираторни инфекции – потенцијално корисно дејство на антиоксидативните, антиинфламаторни компоненти на црниот пипер.
Ја зголемува апсорпцијата на хранливите материи
Состојката пиперин која се наоѓа во црниот пипер ја зголемува апсорпцијата на витамините А, Ц, бета каротенот како и на други хранливи состојки, па на тој начин го подобрува целокупното здравје.
Го подобрува варењето на храната
Црниот пипер ги стимулира рецепторите за вкус и го поттикнува лачењето на желудочната киселина, а со тоа поволно влијае на варењето на храната. Покрај тоа, пиперот има и антибактериски својства кои делуваат превентивно на појавата на цревни заболувања предизвикани од бактерии.
Црн пипер за подобрување на апетитот
Освен што ги подобрува вкусот, црниот пипер исто така го подобрува апетитот. Со поттикнување на варењето на храната, црниот пипер делува како стимуланс кога е во прашање апетитот. Затоа за овој зачин може да се каже дека е одличен природен лек за лицата кои имаат намален апетит.
Помага за слабеење така што го спречува таложењето на масти
Иако го подобрува апетитот, црниот пипер може да ви помогне за намалување на вишок килограми. Во обвивката на црниот пипер се наоѓаат фитонутриенти кои помагаат за разградуванње на масните клетки.
Едно научно истражување покажало дека црниот пипер го спречува таложењето на масти. Тој помага и за забрзување на метаболизмот, па така ќе согорите повеќе калории. Со оглед на тоа што поседува и диуретски својства, црниот пипер го поттикнува излачувањето на токсините од организмот.
Помага за намалување на подуеноста во стомакот
Црниот пипер е корисен за намалување на подуеноста на стомакот. Доколку имате проблем со гасови, наместо црвен пипер, оброците зачинете ги со црн пипер. Ако имате проблем со варењето на храната и чувствувате тежина во стомакот, напијте се чаша сурутка во која сте додале 4 прстофати мелен црн пипер и 4 прстофати куркума во прав.
Ги намалува симптомите при артритис
Пиперинот кој го содржи црниот пипер е познат по своите антивоспалителни својства, па како резултат на тоа се користи во ублажување на симптомите при артритис. Овој зачин ја подобрува циркулацијата на кр-вта, па така делува превентивно на воспалението на зглобовите кое може да настане како резултат на лошиот проток на к-рв.
Претставува природен антидепресив
Црниот пипер го поттикнува лачењето на серотонин, хормонот на среќа и го подобрува расположението. Имено, пиперинот го зголемува нивото на бета-ендорифин, го подобрува расположението и го намалува чувството на болка.
Прочитајте ја и следната статија: Лек за болно грло со мед и црн пипер – помага за еден ден
Откога знам за себе мајка ми ми го виткаше ова на вратот, бидејќи имав чести воспаленија на грло. Ја мра-зев лепливоста и после вадењето на облогата, миењето, а некогаш и косата знаеше да ми се замачка, па после тоа сè те чеша. Ама овој лек помага навистина. За еден ден! Ретко кога ја носев два дена. Сега и јас на ќерка ми и’ ја правам истата облога.
Потребни состојки: памучна крпа или мало пешкирче, мед, мелен црн пипер.
Постапка: Едноставно земете ја крпата и свиткајте ја така да можете да ја врзете околу вратот. Намачакјте ја со мед од едната страна а одозгора наросете црн пипер во прав.
Ставете врз грлото, завиткајте, а одозгора фиксирајте со уште една крпа, затоа што медот од топлината ќе се растопи и ќе почне да тече. Оваа облога го извлекува воспалението од грлото за еден ден. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска