Голем број луѓе се соочуваат со различни здравствени проблеми и веднаш посегнуваат по лекови. Меѓутоа, некои лекови го влошуваат проблемот бидејќи доаѓаат го нуспојави. Значи, кога има можност за тоа, побарајте помош од природата.

Така на пример, мајчината душичка е една билка која значително може да го подобри вашето здравје. Изобилува со железо, калиум и калциум, а претставува и одличен антиоксидант.

Мајчината душичка има бројни лековити својства вклучително:

-помага во лекување на ревматоидниот артритис

-ја смирува кашлицата и бронхитисот

-го регулира крвниот притисок

-третира хринична исцрпеност и астма

-стимулира формирање на црвени крвни зрнца

-се бори против вртоглавица, мултипла склероза

Што значи, дека редовното консумирање може да биде добро за здравјето.

Потребни состојки:

1 шака мајчина дишичка (свежа или сува)
1 шолја (250 мл) вода
1 лажичка мед по желба

Постапка:

Едноставно, измијте ја мајчината душичка и ставете ја во чинија. Проварете ја водата и прелијте ја преку билката. Поклопете и после неколку минути (10-тина) процедете. Ако сакате чајот да го засладите, додадете мед.

Консумирајте секојдневно и ќе бидете воодушевени од резултатите.