Диетата со суви сливи спаѓа во таканаречените брзи диети и наменета е за сите кои во краток период (од 3 до 5 дена) сакаат да ослабат од 2 до 3 килогрими.

 

Покрај влакна, ова овошје содржи антиоксиданси (бета каротен), Витамин Е, Ц, потоа фитохемикалии кои се значајни поради антиоксидативните својства. Сливите се богати со минерали меѓу кои ќе ги издвоиме бакарот и калиумот.

Диетата со суви сливи препорачува внес на 6 суви сливи по порција, кои снабдуваат со околу 15 г шеќер (фруктоза и глукоза) и околу 25 г јаглехидрати. Плодот  е исклучително богат со фитонутриенти кои го засилуваат имунитетот, ги елиминират слободните радикали и на тој начин ги чуваат клетките од оштетувања кои би можеле да предизвикаат канцер.

Интересно е дека ¼ шолја суви сливи дневно обезбедуваат 17% од дневните потреби за витамин А (бета каротен) и 15% дневни потреби за диетални влакна, како и доста калиум.

Појадок: 6 суви сливи

Ужина: Едно свежо јаболко

Ручек: Виршла и варено кафе

Ужина: исто како за ручек

Вечера: Чаша нискомасен јогурт

НАПОМЕНА:

Оваа диета се препорачува исклучиво за лица без здравствени проблеми, па така задолжително консултирајте се со својот лекар пред да започнете со примена.

За да биде диетата поефикасна, пожелна е физичка активност 15-20 минути дневно. Со оваа брза диета доколку се придржувате до планот и менито, во просек ќе изгубите до 1 килограм дневно. Ефектот ќе се зголеми доколку редовно вежбате.