За помалку од пет минути ќе ја изматите смесата во еден сад (сите состојки се ставаат на едно место). Не ви се потребни јајца, ниту миксер. Ова е многу сочен колач, мек како сунѓер, мирисен и не е многу сладок.
Ви благодарам на сите од срце што ми давате поддршка и ви благодарам што ги споделувате моите рецепти со вашите пријатели. Секогаш да сте ми здрави, весели и среќни, до следниот рецепт ве гушкам и ве бакнувам драги мои – Бригита Хусиќ.
Потребни состојки: 380 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 3 лажици какао, 220 г шеќер, 90 мл масло и 500 мл јогурт кој не е масен. СОВЕТ: Во рецептот од видеото е користена 500 мл мешавина од кисела павлака, маскарпоне (крем сирење) и млеко.
Може да користите било каков млечен производ, но густината треба да биде како на јогурт кој не е многу масен, затоа што мешавината ви е густа и смесата ќе биде густа, па ќе треба да додадете поголема количина за да ја добиете кпотребната конзистенција.
Уште ќе ви биде потребни состојки за да го приготвите преливот со кој се прелива печениот колач (топол колач со топол прелив), а тоа се: 16 лажици млеко, 120 г путер исечен на ленти и 100 г црно чоколадо за готвење искршено на коцки.
Постапка: во еден подлабок сад за матење ставете 380 г брашно, па додајте прашок за печиво од една кесичка, 3 супени лажици какао во прав и 220 г шеќер. Промешајте со лажица или жица-маталка за да се изедначат состојките.
Во сувите состојки додајте ги течните, а тоа се 90 мл масло и 500 мл млечна мешавина или јогурт (погоре е објаснето за оваа половина литар течност, а на видеото можете да ја видите густината која е иста како јогурт со помала масленост).
Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Промешајте со жица за матење додека да се изедначат состојките во хомогена смеса. Земете еден калап или тепсија бр.32 па намастете ја и наросете ја со брашно. Вишокот брашно истресете го.
Излејте ја смесата во подготвената тепсија, па убаво со лажица израмнете ја површината. Ставете го колачот да се пече во претходно загреаната рерна на 180 степени околу 20 минути (проверете со чепкалка).
Штом го извадите печениот колач од рерна оставете го неколку минутки да излади, па со чепкалка за заби убаво и густо избоцкајте го за поубаво да го впие чоколадниот прелив.
За чоколаден прелив: во помало тенџерче ставете 16 лажици млеко, 120 г путер исечен на ленти и 100 г црно чоколадо за готвење искршено на коцки. Загревајте на тивок оган додека сите состојки да се растопат и соединат во хомогена смеса.
Чоколадниот прелив рамномерно прелијте го врз топлиот колач (топло на топло) и оставете да се олади најпрво на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер добро да се олади пред послужување. Постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ. Погледнете ги и фотографиите од галеријата: