За колачот можеби ќе речете дека е класика, но целата негова композиција, корите од белки со ореви и свиленкастиот крем од жолчки, го прават совршен за непцето.
Потребни состојки: 10 белки, 250 г шеќер, 300 г ореви (или печени и лупени лешници), 3 лажици брашно и 1 прашок за печиво. За крем: 10 жолчки, 220 г шеќер, 3 пудинг од ванила, 1 лажица густин, 1 ванилин шеќер, 1 литар млеко, 270 г путер/маргарин, 100 г чоколадо за готвење. И уште: 200 г чоколадо за глазура
Постапка:
Пенасто изматете ги белките, па постепено додавајте го шеќерот додека целосно да се растопи и да се добие густ снег. Додадете брашно помешано со прашок за печиво, па на крај лесно промешајте ги и мелените ореви или лешници. Сувите состојки мешајте ги со лажица за да остане смесата воздушеста.
Излејте ја плех (20х30 см) обложен со хартија, па ставете во претходно загреана рерна на 150 степени да се пече околу 40 минути. Изладената кора се сече на два дела.
Фил: Од еден литар млеко одземете малку за да го разматете шеќерот, пудингот, жолчките и густинот и да се добие мазна смеса.
Остатокот од млекото ставете го да се вари, а кога ќе проврие додадете ја смесата од пудинг, па варете неколку минути со постојано мешање, додека да згусне. Кремот оставете го да излади покриен со проѕирна фолија.
Во изладената смеса додадете пенасто изматен путер. Кремот поделете го на два дела, а во едниот додадете растопено чоколадо.
Редење: кора (можете малку да ја натопите со чоколадно млеко), жолт крем, темен крем, кора. Одозгора прелијте чоколадна глазура од растопено чоколадо со 2-3 лажици масло.
Coolinarika.com