Home Останато За многу години Свети Стефан

За многу години Свети Стефан

Роднина на апостол Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од седумте ѓакони коишто светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Јерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон.

Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето. Некои од лошите Евреи се препираа со него, но беа секогаш победувани од неговата мудрост и од силата на Светиот Дух Којшто дејствуваше преку него. Тогаш, посрамениte Евреи кои свикнале на измами и кле-вети, го побунија народот и народните старешини против невиниот.

Кле-ветата против Стефан велеше дека ху-лел на Бога и на Светиот пророк Мојсеј. Брзо најдоа лажни сведоци коишто тоа и го потврдија. Тогаш Стефан застана пред народот и сите видоа дека лицето негово е како лице на ангел, т.е. озарено од благодатна светлина, како што некогаш беше Мојсеј кога говореше со Бога.

Стефан ги отвори своите усни и ги наброја многуте добрини и чуда Божји извршени од Бога во минатото над народот израилски, но и многубројните зл-остор-ства и противења кон Бога од страна на тој народ. Особено ги изобличи за уб-ист-вото на Господа Христа, нарекувајќи ги предавници и кр-вни-ци.

И додека тие шкрипеа со забите, Стефан погледна и го виде небото отворено и славата Божја. Тоа што го виде тој им го објави на Евреите: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки кај седи од десната страна на Бога“ (Дела 7). Тогаш пак-осни-ците го изведоа надвор од градот и го у-би-ја со камења.

Меѓу неговите ма-чител-и беше и неговиот роднина Савле, подоцна апостол Павле. Во тоа време на некој камен во далечината стоеше Пресвета Богородица со Свети Јован Богослов и го гледаа ма-чени-штвото на првиот ма-чени-к за вистината на нејзиниот Син и Бог, молејќи Го Бога за Стефана.

Ова се случи една година по слегувањето на Светиот Дух на апостолите. Телото на светиот Стефан тајно го зеде и го погреба на својот имот Гамалиил, кнез еврејски, а потаен христијанин. Така заврши во слава првенецот меѓу христијанските ма-чени-ци и се пресели во Царството на Господ Исус Христос.