Ефикасен и многу делотворен лек за бoлни зглобови можете да приготвите дома. Доколку имате тегоби со зглобовите и коските или имате проблеми со ‘рскавицата, што поскоро пригответе си го овој домашен мевлем и испробајте го, нема да се покаете.




Доволно е секоја вечер пред спиење да го намачкате бoлното место, па наутро ќе ви биде многу подобро. Постепено ќе забележите дека ја нема вообичаената утринска вкoчанетоcт во зглобовите, а отоците ќе бидат значително намалени.




Ако го користите природниот лек седум дена непрекинато, подвижноста во зглобовите значително ќе се подобри и обемот ќе се зголеми. Овој мевмем можете да го нанесувате на колена, рамења, вратен ‘рбет, долен дел од грбот, како и на сите останати помали или поголеми зглобни површини.




Поседува силно антиинфламаторно (ги смирува вocпаленијата), а потребни се само три состојки за да се приготви. Прочитајте го целиот текст и откријте како да ги зајакнете зглобовите и коските на природен начин. Нема несакани ефекти и на многу начини е корисно за здравјето на човекот. Меѓу другото помага при шинувања, модринки, проширени вени и капилари.




Првата потребна состојка е ЛОВОРОВ ЛИСТ. Вкупно ќе ни бидат потребни пет до седум листови во зависност од величината кои е потребно да се иситнат со рака (една полна супена лажица).

Познато е дека ловорот yблажува бoлки, бидејќи има силен аналгетски ефект. Ова особено се однесува на етеричното масло од ловорот. Многу е корисно за намалување на воспалителните процеси и бoлки кај артритис и ревматизам.




Покрај тоа, ловорот има способност да ги отстранува вишокот соли од организмот кои причинуваат појава на гихт и создавање на камења. Како превенција од артритис, гихт и остеопороза, се пие чај приготвен од ловоров лист, а уште подобар ефект се постигнува со овој мевлем.




Втората состојка во овој рецепт е РУЗМАРИН. Во овој рецепт најдобро е да се користи свеж, но доколку не е сезона, користете и квалитетн сув рузмарин. Доволни се две млади гранчиња, долги 20-тина см од кои се собираат само ливчињата (една полна лажица). Рузмаринот со векови се користи во лекување на ревматизам, гихт, остеопороза, воспаление на мускули и артритис.




Оваа многу лековита билка содржи неколку антиоксидантни соединенија кои се од особена помош кај ревматоидниот артритис. Етеричното масло од рузмарин е еден од најдобрите природни лекови за зглобови. Содржи: цинеол, камфор, борнеол, пинен, танини, сапонини, горчливи материи и др. кои исто така, придонесуваат за лековитост на билката.




Третата состојка е МАСЛИНОВО МАСЛО. Фитотерапевтите го нарекуваат „течно злато“ со добра причина: поседува силни антиинфламаторни својства, а ефикасно е дури и кај артритис. За овој рецепт потребна е една полна чаша ладно цедено, девствено маслиново масло (200 мл).




РЕЦЕПТ: Една полна супена лажица иситнет ловоров лист и една полна супена лажица рузмарин (свеж или сув) ставете во едно помало тенџере и прелијте со 200 мл квалитетно маслиново масло и поклопете. Друго поголемо тенџере наполнете го до половина со вода и ставете на најсилен оган да зоврие.




Штом зоврие водата, во големото тенџере ставете го помалото, и намалете ја температурата на умерено, па оставете да се зготви маслото со повремено промешување, околу половина час.

Потоа тргнете го маслото од оган, тргнете го капакот и оставете го маслото да отстои 20 минути. Процедете го и складирајте го во соодветни помали садови со капак. Мевлемот користете го по потреба, најдобро навечер, пред спиење. Мевлемот е само за надворешна употреба.