Без здрави бубрези и црн дроб нема ниту здрав огранизам. Овој метод за детокс на органите потребно е да се прави барем еднаш на неколку месеци. Бубрезите и црниот дроб имаат важна функција и работат за целиот организам. Тие се како филтер кој нè ослободува од сите токсини и штетни материи.
Од тие причини, многу е важно да се води сметка за нивното здравје. Одвреме навреме пожелно е да се направи детокс и да се прочистат. Рускиот метод во овој случај се покажал како многу делотворен и претставува еден вид пост кој трае 24 часа. Во текот на еден ден се внесува само вода и зелен зеленчук и важно е строго придржување кон пропишаното време.
После будење, на празен стомак наутро испијте 1 чаша топла вода во големи голтки и направете 10 до 15 сквотови (клекнувања). На тој начин ќе ги стимулирате функциите на дигестивниот тракт и ќе ја активирате перисталтиката на дебелото црево.
После еден час изедете порција зелена салата или било кој друг зелен зеленчук. Испијте една чаша свежо исцеден сок од зеленчук (по избор). 12:00 h – испијте чаша вода, најдобро дестилирана или изворска вода, ако немате, тогаш превриена и изладена.
13:00 h – изедете голема порција зелен зеленчук и испијте чаша сок од зеленчук. 14:00 h – испијте чаша вода. 15:00 h – порција зеленчук и свежо цеден сок. 17:00 h – чаша вода. 18:00 h – салата и сок од зеленчук. 20:00 h – 500 мл вода.
На овој начин ефикасно ќе ги прочистите бубрезите и ќе отпочнете процес за исфрлање на токсините. Салатата не смеете да ја солите, а овој пост не смее да се спроведува 2 пати месечно. Напомена: Пред започнување на постот посоветувајте се со вашиот лекар.