Имате проблем со испукани капилари и не знаете како да се ослободите од нив? Приморани сте секојдневно да ги покривате со густи пудри кои ви ги затвораат порите и дополнително ви создаваат проблеми. Современата медицина ваквите проблеми ги третира со ласерска терапија, која делумно или не го решава проблемот, а притоа самиот процес чини многу скапо.
Испуканите капилари ги мачат многу луѓе, особено ако се видливи и тоа на лицето. Постои еден природен лек од народната медицина кој индивидуално се покажал како ефикасен. Во поголемиот број случаи ја намалува видливоста на испуканите капилари, а неретко и ги излекува. Пробајте!
РЕЦЕПТ:
Измешајте еднакви делови од следните билки:
-корен од глуварче
-корен од чичок
-смрекинки (бобинки од смрека)
Сите билки добро треба да се смелат во прав.
Постапка:
Една супена лажица прелијте со 500 мл вода, па оставете на собна температура да преноќи.
Наутро загрејте до зовривање, а откако ќе зоврие варете ја мешавината уште пет минути.
Процедете го чајот, и целиот испијте го во текот на денот, на празен стомак.
Терапијата трае од 14 дена. Потоа направете пауза од една седмица, па повторете ја постапката.
Овој природен лек ги зајакнува и најситните крвни садови и ги ублажува последиците од испукани капилари. При тоа се препорачува консумација на дополнителни количества од витамините Ц и Е, во вид на додатоци или преку исхраната.