ЗА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ: Исчистете ја слузта од белите дробови со овој вкусен домашен лек. Иако понекогаш морковот го запоставуваме бидејќи секоја сезона ни е при рака, тој се смета за крал на зеленчукот. Има нискокалорична вредност, суперхранливост и многу лековити својства.




Поради големата количина на каротеноиди, односно присуството на витамин А кој е многу важен за здравјето на очите, морковот традиционално е позната храна за зајакнување на имунитетот која ја подобрува работата на уринарниот и дигестивниот систем.




Витаминот А помага во одржување на здравјето на белите дробови, а морков сам по себе е мевлем против дишни тегоби – помага при настинки, кашлица, бронхитис и астма.




Прв рецепт: Сирупот од морков е традиционален природен лек против кашлица. Ви пренесуваме две варијанти за подготовка на сируп кои се препорачуваат да ги консумирате во количини од 3-4 чајни лажички на ден.




Потребно ви е: 250 мл свежо цеден сок од морков, подготвен во соковник, 2 лажици мед и малку вода. Накратко згответе го сокот од морков заедно со медот и водата на ниска температура со постојано мешање на смесата. Оставете да се излади и складирајте во тегличка и започнете со конcyмирање на лекот.




Втор рецепт: Подгответе 1/2 кг морков и 4 лажици мед. Морковот исчистете го и исечете го на кругчиња. Ставете го во сад и одозгора прелијте со вода, онолку колку морковот да биде цел натопен во водата.




Згответе накратко додека морковот малку да омекне. Потоа процедете ја водата од тенџерето и морковот испасирајте го во блендер. Водата во која се готвел морковот оставете да се олади, па додајте го медот и се измешајте со пасираниот морков. Овој лек може да го мешате и со други овошни и зеленчукови сокови.




ПРИРОДЕН ЛЕК: Ги отстранува ток-сините од цревата и ја регенерира кожата. Овој народен рецепт е познат уште од древни времиња. Посебен ефект има врз бавната функција на дебелото црево, подуеност и гасови.

Кога телото е во добра состојба, тоа се рефлектира во состојбата на кожата и обратно. Самите моркови имаат многу позитивни ефекти врз телото благодарение на влакната кои ги содржи.




Овој лек им бил познат и на нашите баби кои го користеле за проблеми со цревата и за враќање на свежината на кожата. Посебен ефект има врз бавната функција на дебелото црево, подуеност и гасови. Овој лек исто така успешно ќе го реши проблемот со запекот, а се подготвува вака:




Потребни состојки: 3 поголеми моркови, 1 лажичка мед, прстофат мелен црн пипер, половина лажичка масло. Подготовка: Изрендајте ги морковите во сад и додајте ги другите состојки. Мешајте додека да се соедини и лекот е подготвен за употреба.




Се препорачува мешавината да се јаде наместо појадок, а потребно е да се конcyмира половина час по будење. По 10 дена редовна употреба, ќе забележите подобрување и чувство на леснотија во стомакот.

НАПОМЕНА: Иако морковот има многу лековити својства, нивната прекумерна употреба може да доведе до состојба наречена каротенодермија. При оваа состојба, дланките, стапалата и другите делови на телото стануваат портокалови или жолти поради високите нивоа на бета-каротен во кр-вта.

Ако го забележите овој феномен, намалете ја конcyмацијата на моркови и друга храна која содржи бета-каротен, за оваа состојба, која инаку не е штет-на, да исчезне.