Кажете му збогум на висечкиот стомак, зошто можете да го намалите со овој силен природен лек за само 10 дена.

Можеме многу да направиме во врска со зголемените абдоминални масти ако ја ставиме тежината под контрола. Потребна е редовна телесна активност – барем 30 минути дневно. Вежбите можат да помогнат во борбата против салото на стомакот.

Исто така многу е важна правилната исхрана. Таа треба да се базира на протеини, сложени јаглехидрати, овошје и зеленчук, а да се одбегнуваат слатки напитоци и бело брашно. Ваквата исхрана за кратко време може да ве ослободи од мастите на стомакот и од сите здравствени компликации кои ги носи дебелината.

-масното ткиво кај многумина предизвикува незадоволство од физичкиот изглед, но тоа може да влијае и врз здравјето.

-Вишокот килограми во пределот на стомакот може да доведе до дијабетес, висок притисок, проблеми со плодноста и многу други болести.

-Имено, колку повеќе масти има во областа на стомакот, толку помалку се произведуваат хормони адипонектини кои го намалуваат стресот и воспаленијата.

-Обично се случува после бременоста или после слабеење од некоја диета да започне свиснување на стомачниот дел.

-Лошиот стил на живеење исто така придонесува за формирање на висечки стомак.

За среќа, постои еден силен природен напиток кој во рок од 10 дена успева значително да ги намали мастите од областа на стомакот. Тој помага во тонизирањето на мускулите и го подобрува квалитетот на кожата.

-Експертите велат дека без разлика на вашата тежина, овој напиток функционира.

-Пред да започнете да го консумирате овој неверојатен напиток, треба да се консултирате со вашиот лекар дали постојат некои здравствени ризици од прекумерната тежина во пределот на стомакот.

Потребни состојки:

½ лажичка ѓумбир во прав
½ лажичка куркума во прав
½ лажичка црн пипер или уште подобро кајенски пипер
1 литар газирана вода
1 лажичка стевија
5 лажици лимонов сок

Постапка:

Ставете ја водата да зоврие, а потоа тргнете ја на страна и оставете да излади 5-10 минути. Во друг сад ставете ги сите други состојки и добро промешајте да ги за да се изедначи смесата.

Добиената смеса полека додадете ја во водата и убаво промешајте. Напитокот складирајте го во термос.

Употреба: Целата течност распределете ја во 3 или 4 еднакви дози (3 х 330 мл или 4х250 мл) и пијте ги секогаш на гладно пред оброк или помеѓу оброци. Напитокот се пие 10 дена по што се прави пауза од две седмици.