Според традицијата, Божиќната пченица се засадува на 17 декември на денот на Света Варвара или денес, на 19 декември, на Свети Никола. Раѓањето на Исус Христос е празник кој се прославува во домот со семејството и со одење на црквените богослужби.
Божиќната пченица е еден од најубавите Божиќни украси, а за да биде што поубава, побогата и погуста, за да ви обезбеди добра, среќна и бериќетна 2022, ви ги откриваме петте совети кои се склучни и кои ќе ви помогнат во тоа.
Покрај сите обичаи, собирањето на семејството околу богатата трпеза е главен настан. Задолжително се пали кандило и се крши лепчето. Но, на масата има уште еден голем симбол на најрадосниот христијански празник – Божиќната пченица.
Иако пред Божик може да се купи порасната зелена пченица речиси во сите поголеми маркети и цвеќарници, сепак, доколку сте од оние кои сакаат да ги почитуваат обичаите, посадете ја сами.
За да порасне до Божик треба да се засади на време. Треба да е зелено и бујно, бидејќи такви ќе бидат и посевите во текот на годината, вели старото верување.
Пченицата се сади на празникот на Света велокомаченичка Варвара, на 17. декември, кај православците или на Свети Никола на 19. декември, а кај католиците на 13. декември, на денот на Света Луција.
1 ПРАВИЛО: оставете ја пченицата натопена во вода, најдобро преку ноќ, за да се „разбуди“ и активира. Потоа процедете ја и исшушете ја врз хартиена салветка. На овој начин, многу подобро ќе никне откако ќе ја посеете.
2 ПРАВИЛО: Пченицата е најдобро да се насади во некоја плитка чинија. Не штедете на семе и со него прекријте ја целата површина од дното на садот (претходно наполнето со плодна почва), така што нема да остане празно место. Потоа наросете земја и прскајте со вода отстојана на собна температура.
Пченичните зрна можат да се стават и без земја. Само се распоредуваат на дното на садот, во потполност да го покријат. До ивицата се остава барем 1 сантиметар бидејќи пченицата со никнувањето ќе се прошири. Заливајте умерено. Најдобро е само да се прска со вода, еднаш до два пати дневно во зависност од температурата во просторијата.
Во средина на садот може да се остави празен простор во кој подоцна ќе се стави свеќа. Земете плитка чинија, по желба, во средина ставете малечка чаша (за ракија). Зрната нанесете ги околу чашата.
ТРЕТО ПРАВИЛО: Пченицата не оставајте ја во близина на грејно тело, бидејќи од премногу топлина може да се исши. Најдобро е да се стави покрај прозор, на умерено топло и светло место.
ПРАВИЛО 4: Првите неколку денови покријте со алуминумска фолија, пред да започне да никнува (на овој начин ќе се сочува влагата и потребната топлина). Но, штом забележите дека почнала да н икнува, веднаш тргнете ја фолијата.
Пченицата која сте ја засадиле можете да ја покриете со памучна ткаенина натопена со вода, за да можат зрната да набубрат и да има доволно количество влага за тоа. Кога ќе се појават првите никулци ткаенината треба да се тргне за да може пченицата расте слободно.
ПРАВИЛО 5: Пред да се стави на маса, житото се шиша со ножици да се израмни, бидејќи често израснува нерамномерно. На Бадник ставете свеќа во средина, а житото на средина врзете го со црвена панделка.