ЗА 8 МИНУТИ ДА ГО ИСТЕНЧИТЕ ЦЕЛО ТЕЛО: од овие вежби се губат наслагите на стомакот и бутовите. Кога влегуваме во зрели години на нашето тело не му одговараат повеќе теш-ки и интензивни тренинзи како претходно.




Доколку забележите дека полесно и побрзо се заморувате, не грижете се, тоа е сосем нормално, си доаѓа со годините. Но, тоа не значи дека треба да се откажете од физичката активност. Напротив, после 40-тите физичката активност е задолжителна, но таа треба да биде умерена.




Треба да изведувате лесни вежби кои одговараат на вашата здравствена состојба. Доколку ги практикувате 5 дена седмично, веќе за еден месец ќе забележите дека вашите мускули се позатегнати, а целото тело ви изгледа многу подобро и повитко, но и дека држењето ви е многу подобрено.




Кардио вежбите се одличен начин да го зачувате вашето срце здраво, но и да ја одржите вашата линија. Помагаат за согорување на калории, сла-беење, намалување на с тресот и подобрување на сонот.




Но исто така, тие го подобруваат капацитетот на белите дробови и го прават срцето посилно. Кардио вежби се секој тип на вежби кои ја забрзуваат работата на срцето и белите дробови.




Се препорачува да ги практикувате барем три до четирипати неделно. Многу често луѓето се жалат дека кардио вежбите се досадни и затоа брзо се откажуваат од нив. Поради тоа, потребно е постојано да го менувате интензитетот и да правите разновидни вежби.




Следниве вежби нема да ви одземат многу време, но ќе ве изморат како да сте вежбале 1 час. Покрај тоа, може да ги вежбате во домашни услови, без опрема. Потребно е само да сте психички спремни.




Иако вежбите изгледаат многу едноставни, тие се лесни за изведување бидејќи се едни од основните вежби кои ни ги прикажуваа на физичко во училиште. Сепак, доколку немате толку многу кондиција, не треба да се оптеретувате, туку вежбате колку можете и со тек на време градите кондиција.




Една читателка вели дека кога првпат ги правела овие вежби, во првите 2 минути воопшто не се изморила и си рекла дека ова не е ништо за неа. Но во следните 3 минути, веќе била цела облеана во пот.




Друга читателка вели дека овие вежби многу и помогнале во сла-беење. Пред да почне да вежба таа имала 86 килограми, а после 3 месеци, нејзината тежина стигнала до 63 килограми. Таа исто посочува дека редовно ги правела вежбите и дека после првиот месец забележала резултати.

Како што напоменавме погоре, овие вежби се наменети за здрави лица. Не треба да ги прават луѓе со срцеви проблеми, а при некоја друга здравствена состојба, најдобро би било да се конcyлтирате со лекар пред да почнете да ги вежбате.




Вежбите изгледаат вака: 8 вежби, секоја се прави по 45 секунди со 15 секунди пауза додека видите како се прави наредната вежба. Секоја вежба вклучува стоење, скокање, допирање на стапалата.. значи сте во постојана физичка активност. Подетално вежбите може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.