Прочистете го организмот, ослободете се од токсините, вишокот вода и подуеноста.

Исто така овој природен лек ќе ви помогне да се ослободите од уринарните проблеми, како и болестите на бубрезите.

Потребни состојки:

Китка магдонос

1 литар вода

Магдоносот е моќен диуретик и детоксификатор, освен тоа, тој во оваа количина содржи сто проценти од дневните потреби за витаминот А, огромно количество витамин Ц, витамин К, калциум и железо!

Иако се работи за само 2 состојки, многу важна во овој рецепт е подготовката!

Постапка:

Многу е важно да не дозволите водата да ви зоврие.

Тргнете ја водата од оганот пред да зоврие и прелијте го магдоносот. Ако случајно ви зоврела, “пресечете” ја со малку студена вода или оставете ја малку да подизлади.

Оставете да излади и пијте по неколку голтки од чајот во текот на целиот ден.

Постапката повторувајте ја три дена, секој ден со свежо припремен чај.

Ефектите ќе ги приметите после првиот ден. Луѓето со многу низок притисок пред консумација да се консултираат со својот лекар.

•Ако имате високо ниво на холестерол и триглицериди, додадете и една рака целер.