Секој од моќните состојки содржани во овој појадок има низа благодети, а заедно функционираат како енергетска бомба која е идеална за почеток на денот.
Овој рецепт за појадок е едноставен за приготвување, па така и оние презафатените можат да го прават и на сите да им користи. Обидете се да го јадете овој појадок секое утро во текот на еден месец и бележете ги сите позитивни промени кои ќе ви се случат!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јогурт, 1 лажица јаболков пектин (рецепт во продолжение), 1 лажица мед, 40-50 г сечкани ореви, ½ лажичка цејлонски цимет, 30 капки прополис, 3 лажици овесна каша и суво овошје по избор. Време за приготвување: 5 минути!
ШТО Е ПЕКТИН И КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ? Пектин се тип на влакна кои ги има во растенијата, а јаболката особено го содржат во голема количина. Јаболковиот пектин, растворлива состојка од јаболкото, поволно влијае врз размената на масните материи.
Одличен впивач на масти кој ја намалува апсорпцијата на холестерол од храната и ја подобрува работата на дебелото црево. Повеќе за својставата на пектините прочитајте на крајот од текстот.
РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШЕН ПЕКТИН – Потребни ви се 1 кг органски јаболка и 250 мл вода. Јаболката измијте ги, отстранете им ги дршките и плодовите исечете ги на помали парчиња.
Ставете 250 мл вода на оган да зоврие на највисока температура, па додадете ги јаболката, бидејќи пектинот мора во најкраток временски интервал да постигне висока температура, инаку ќе се распаднат.
Потоа гответе на умерен оган околу 30 минути. Потоа, со постојано мешање продолжете го готвењето додека смесата да се згусне и намали за половина. Процедете низ цедалка и веднаш смесата скадирајте ја во стерилизирани стаклени тегли.
КАКО СЕ ПРИГОТВУВА ОВОЈ ПОЈАДОК? Одвечер измешајте јогурт и јаболков пектин па оставете во фрижидер да се соединат. Ова можете да го направите и наутро ако сте заборавиле претходниот ден, но ќе мора да почекате пектинот да се раствори во јогуртот. Наутро додадете ги останатите состојки и сето убаво помешајте го.
Нека отстои малку да се поврзат сите состојки, а јогуртот да ја добие собната температура и да се растопи овесната каша.
Ова се некои од својствата: Го јакне имунитетот, превенира различни болести и инфекции, делува противвоспалително, го подобрува здравјето на васкуларниот систем, и дава поубав и поздрав изглед на кожата и косата, го штити здравјето на забите, помага при слабеење
ЗОШТО ПЕКТИНОТ Е ЗДРАВ И КОРИСЕН? -Го намалува ризикот од метаболички синдром. Метаболички синдром е збир од фактори кои придонесуваат за развој на срцеви болести, срцев удар и висок шеќер во крвта. Тоа се: висок крвен притисок, висок крвен шеќер и високи триглицериди, висок холестерол и преголем обем на стомакот.
Една студија од 2008 година открила дека консумирањето на јаболковиот пектин го редуцира шеќерот во крвта, високиот холестерол, триглицериди и дебелината. Редукцијата на било кој од овие фактори придонесува и за редукција на високиот крвен притисок, исто така.
Јаболковиот пектин еден ден би можел да биде и официјален третман за метаболички синдром. Ја подобрува цревната флора Здрав цревен тракт содржи добри и лоши бактерии, а во оптимално опкружување – добрите ги надминуваат лошите.
Функцијата на интестиналните бактерии е да помогнат во дигестирањето на храната, апсорпцијата на нутриентите и да заштитуваат од вируси и бактерии. Зголемениот внес на јаболка ја подобрува цревната флора а за тоа е најзаслужен јаболковиот пектин.
ЗОШТО ПРОПОЛИС? Прополисот е еден од најсилните природни штитови од зарази. Општо земено, прополисот го јакне имунитетот и штити од вируси и бактерии. Многумина редовни консументи потврдуваат дека ја подига енергијата.
Консумацијата на прополис ги намалува акните бидејќи активно делува против предизвикувачите. Прополисот делува и против паразити, во 50-60% случаи го елиминира паразаитот giardiasis.
Прополисот може значително да ги зголеми шансите за забременување при ендометриоза. Ја намалува и појавата од кариес за 60%. Во комбинација со мед помага во сочувување на гласот.
Делува против инфекции, бактерии, габички, слободни радикали и карцином. Помага при повеќето проблеми со дишните патишта. Одличен е за надворешна примена бидејќи го забрзува лечењето на рани, ги намалува воспаленијата, го одржува здравјето на непцата и ги отстранува кондиломите.
Медот и циметот сега се веќе чудесна комбинација за здравје која ја потврдуваат и бројни научници. Но традицијата на овој лек е долга 5000 години и потекнува од ајурведата.
Ајурведата го нарекува медот Yogavahi – „база на лековити вредности која ги лекува клетките на ткивото“ и смета дека кога се комбинира со некоја билка овозможува нејзино подлабоко делување во ткивата и подобра лековитост.
Оваа комбинација помага при артритис, инфекција на мочниот меур, губиток на косата, забоболка, холестерол, настинка, лоша дигестија, лош здив, дебелина, акни и сл, а исто така, го продолжува животниот век.
ЈОГУРТ – Ферментираната храна е еден од најдобрите избори за одржување на општото здравје на организмот.
Дневната консумација на јогурт го намалува ризикот од дијабетес тип 2 поради подобрување на интестиналното здравје. Културите од јогуртот помагаат во стабилизација на дигестијата и подобрување на метаболизмот.
Тоа пак влијае врз урамнотежување на шеќерот во крвта и намалување на гладта и потребата од благо, а истото помага при слабеење.
Пробиотичкиот јогурт докажано го нормализира холестеролот. Им се препочува редовна консумација на жени подложни на вагинитис, а експертите го сврстуваат во топ намирници за убавина.
ОРЕВИ – Оревите се одлична дневна доза антивоспалителни есенцијални масни омега 3 киселини. Полифенолите кои се наоѓаат во оревите помагаат во намалување на воспалението и оскидативниот стрес кој може да го оштети мозокот, а со време да доведе и до проблеми со памтењето.
Некои истражувања велат дека овие намирници можат дури и да го пресвртат когнитивното пропаѓање кога тоа еднаш ќе се појави. Оревите докажано делуваат против рак, содржат аргинин кој придонесува за здравје на срцето.
Содржат и ретки и силни антиоксиданси: југлон, телимаграндин и морин. Истражувачите откриле дека имаат и силни заштитни својства за црниот дроб. Без разлика на високата содржина на масти, тие не предизвикуваат дебелеење.