Овој природен лек ќе го исчисти организмот од вишок соли и масти, но исто така, ќе го ослободи од стрес и хроничен умор. Покрај прмена на овој лек потребно е здраво да се храните, да избегнувате пијалаци со многу штетни додатоци.
Лицата кои не пијат вино или воопшто алкохол, можат повеќе да пијат природни сокови од грозје, вишни, разни бобинки и слично, бидејќи содржат исклучително здрави состојки.
Потребни состојки:
12 чешниња лук
500 мл црно вино (домашно)
Постапка:
Исчистете го лукот и исечкајте го ситно, па ставете го во стаклено шише. Додадете вино и добро затворете го. Чувајте го на топло две седмици и секој ден по неколку пати протресувајте го шишето.
Потоа процедете го и чувајте го во фрижидер. Се консумира по една лажичка трипати дневно во текот на еден месец. Потоа се прави пауза од 6 месеци, па се повторува третманот. Резултатите може да се забележат за многу кратко време.