Сигурно веќе сте го пробале вкусот на алвата, а последниве години се изверзираа разни домашни рецепти со најразлични вкусови и додатоци. Ова е омилена слатка за многумина затоа што освен што е посна и не се пече во рерна, лесно се приготвува и може да се јаде во кој било период од денот.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА СИРУП: 100 г шеќер, 300 мл вода. ЗА АЛВА: 200 мл масло, 200 г брашно. ПОСТАПКА: Шеќерот и водата ставете ги во широко и длабоко тенџере на рингла, на умерена температура.
Во друг сад ставете го маслото да се загрее, а потоа додајте го брашното и мешајте непрекинато додека да се соедини и убаво изедначи. Кога шеќерниот сируп ќе зоврие, тргнете го тенџерето од оган.
Кога алвата малку ќе потемни, исклучете ја ринглата и постепено додавајте го шеќерниот сируп. Внимавајте, може да прска, па затоа додавајте постепено и постојано мешајте.
Кога целосно ќе се изедначи смесата, обликувајте ја и декорирајте ја алвата по ваш вкус и избор. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Имаме уште неколку рецепти за домашна алва:
Пригответе за многу кратко време вкусна алва со овој едноставен рецепт. Потребни состојки: 100 г путер или маргарин, 100 г брашно, 100 г шеќер, 200 мл вода и 1 ванилин шеќер.
Постапка: растопете 100 г путер, па кога целосно ќе се растопи додајте 100 г брашно. Непрекинато мешајте приближно 5-10 минути. Бидете внимателни и не прекинувајте со мешањето затоа што многу лесно може алвата да загори. Во друг сад ставете 200 мл вода, 100 г шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер.
Ставете да зоврие и да се растопи шеќерот. Кога смесата со брашното и путерот е готова, односно кога малку ќе пожолти, додајте го шеќерниот сируп кој претходно го сваривте и веднаш поклопете за да не ве испрска. Оставете така 10-тина секунди, па продолжете да мешате за да не се создадат грутчиња.
Алвата вадете ја со лажица во чинија или полнете калапи со различни фигури. Можете да ја излеете и во некој плех претходно намастен или обложен со проѕирна фолија, па откако ќе олади да го сечете на парчиња по ваша желба. Оставете ја алвата во фрижидер малку да се олади, а потоа наросете ја со малку мелени ореви и послужете ја. Следниот рецепт е за ЦРНА АЛВА:
ЦРНАТА АЛВА ми е највкусна, а во посни денови ја правам без масло. Рецептот што најчесто го правам е следниот: мерката е шолја за кафе. Потребни состојки: 1 шолја вода, 2 шолји масло, 6 шолји шеќер, 6 шолји брашно, 1 шолја какао или чоколадо во прав, 150 г сечкани ореви (или лешници, бадеми или не мора ништо)
Постапка: во еден сад на оган ставете ги водата, маслото и шеќерот. Брашното и какаото добро промешајте ги да нема грутки. Кога ќе се стопи шеќерот додајте го брашното, какаото и оревите, па постојано мешајте додека смесата да згусне. Освен ореви, по желба можете да додавате лешници, бадеми, желе бонбони, кандирано овошје… или не мора ништо. Излевате во калап да се стегне, па сечете и декорирате по желба. Имаме уште еден рецепт:
Домашна алва со бадем и лешник , преслаткааа… Сè што ви е потребно е едно убаво длабоко тавче, дрвена лажица, кафеав шеќер, гриз, вода, масло и бадемчиња или лешничиња или нешто по ваш вкус.
Потребни состојки: 1/2 филџан масло, 1/2 филџан шеќер, 1 филџан гриз, 3 филџани млака вода, бадеми и лешници
Постапка: 1/2 филџан масло, 1 филџан шеќер и 1 филџан гриз се пржат во длабоко тавче. Кога ќе добијат боја на старо злато се додаваат 3 филџани млака вода. Температурата се намалува и интензивно се меша со дрвена лажица. Згуснатата маса се трга од оган, се додаваат бадемите, се прелева во плех, се сече во вид на ромб и се пропрскува со мелен лешник.