Home Рецепти За 10 минути пригответе витаминска бомба со црвена зелка!

За 10 минути пригответе витаминска бомба со црвена зелка!

За приготвување на оваа салата потребни се само 10 минути.

 

Потребни состојки:


    ½ главица црвена зелка
½ шолја ореви
1 морков
½ краставица
1 шолја јогурт
½ лимон
100 г пченка од конзерва
1 лажица сусам
мирудија
мелен црн пипер
сол

Постапка:

Отстранете ги горните листови од зелката и добро измијте ја. Зелката грубо исечкајте ја или изрендајте ја, па измешајте ја со останатите состојки.

Исчистениот и измиениот морков ситно исечкајте го, а краставицата исечкајте ја на покрупни коцки. Измешајте ги сите состојки заедно со пченката и изренданата зелка.