Потребни состојки:

200 г просо и вода.

Постапка:

Исперете го просото со топла вода низ цедалка. Ставете го просото во тегла од 3 литри и прелијте 2/3 од теглата со врела превриена вода. Поклопете, добро протресете, завиткајте ја теглата во нешто топло и оставете да преноќи.

Наутро повторно протресете. Ќе забележите бела матна течност во теглата. Тоа е вашиот лек.

Процедете ја течноста од теглата во друг сад, така што во првата тегла на дното да остане просото (не го фрлајте).

Добиената течност пијте ја во текот на денот без ограничување, во било која количина, кога и да посакате.

Просото кое ви останало обарете го (1 чаша просо, 3 чаши вода, се готви 15-тина минути) и ќе добиете здрава каша која можете да ја изедете за појадок или да го искористите како прилог за некој ручек (просото е одлична замена за ориз).

Навечер пригответе нова порција од вашиот лек за следниот ден, по истата постапка, а препорака е течноста од просо да ја пиете во континуитет 10-15 дена.

РЕЗУЛТАТ

После 10-15 дена каменот ќе се растопи и ќе излезе преку урина, а бубрезите се исчистени од песок, слуз и камечиња. Елиминирано е воспалението, обновено е ткивото на бубрезите и органите на уринарниот тракт.