Голем број диети имаат јо-јо ефект, па килограмите се враќаат штом ја завршите диетата, а оваа диета можете можете да ја држите непрекинато.
Постојат разни делотворни диети, но голем број од нив се рестриктивни и затоа се штетни по здравјето, па не е паметно предолго да се држат.
Од друга страна, постои опасност од јо-јо ефект, па килограмите да се вратат веднаш штом престанете со диетата. Затоа ви е потребна оваа – диета на млада Месечина.
Оваа диета е ефикасна, а сепак, можете да ја држите нон-стоп, бидејќи не си скратувате ништо од намирниците кои му се потребни на вашиот организам.
Исто така, згодна е и од психолошка страна бидејќи ги менувате фазите од недела во недела, пратејќи ги природните циклуси на месечевите мени, а во една од тие фази смеете да си дозволите себеси и слатки задоволства.
После два-три месеци, кога ќе навлезете во ритамот, ќе немате никаков проблем засекогаш да продолжите така да се храните, бидејќи ќе бидете задоволни со резултатите, што дополнително ќе ве мотивира, а ќе имате секогаш периоди кога ќе си овозможите задоволства и со тоа да си ја олесните ситуацијата.
Како се држи диетата?
Прво дознајте кој ден е млада Месечина. Тоа можете да го дознаете од црковен календар или да пронајдете на интернет. За месец Јуни, тоа е 05., значи имате еден ден да размислите дали ќе започнете.
Тој ден, кога е млада месечина, не се јаде ништо. Значи стог пост, се пие само вода или чај, на пример од мајчина душичка. Ако не можете да издржите, може да испиете малку сок од цедено овошје или зеленчук, нормално без додавање на шеќер или било какви адитиви.
Во текот на денот треба да испиете три до пет литри течност. Околу половина литар вода зачинете со малку црн пипер и малку рендан ѓумбир (само малку колку за вкус, не претерувајте), за забрзување на метаболизмот.
Ако строго се придржувате на овие правила, за само тој еден ден, ќе ослабете и до три килограми.
Следниот ден започнете со јадење, но само лесна храна. До крајот на првата седмица од циклусот, исфрлете ги лебот и тестото, од јаглени хидрати јадете интегрален ориз, а од месо најдобро говедско. Јадете многу зеленчук, а навечер големи количини салата.
Втората седмица можете да внесете двопек и путер за појадок, како и варени јајца и парче сирење. Остатокот од денот продолжете според режимот од првата седмица, само што појадокот треба да биде малку посилен.
Третата седмица, која почнува кога Месечината е полна и започнува да опаѓа, придржувајте се на режимот од втората седмица, но за вечера, покрај салатата може да додадете и малку месо.
Четвртата седмица може да јадете се’, само немојте да претерувате со шеќерот, бидејќи организмот е навикнат и на тоа.
Изедете и некое колаче или парче чоколадо, јадете леб и сендвичи, пици и плескавици, само не претерувајте и бидете свесни за празните калории. Кога повторно ќе дојде денот на младата Месечина, се повторува се’ од почеток.
Фазите на исхраната се прилагодени на природните циклуси и организмот многу брзо ќе се навикне на нив.