Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 декември. Денеска е Собор на Пресвета Богородица. Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува.




Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица. Најмудра пракса. Зашто најчистата yтpoба на Марија беше единствена cпособна да го прими оној кој го надвишyва сè она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на cпаceнието.




На вториот ден Божиќ се одбележува Собор на Пресвета Богородица, а овој празник оди заедно со неколку обичаи кои би требало да се испочитуваат. Денеска се оддава почит на Пресвета Богородица, па еден ден по раѓањето на Исус се собираат верниците и ѝ оддаваат почит на Богородица што го родила спасителот на човечкиот род.




Народните обичаи велат дека на овој ден треба да се изговори следната молитва за во куќата да завладее cпокој за целата година и за сите да бидат здрави:

„Со твоето раѓање Исусе, го осветлуваш целото човештво, бидејќи во таа светлина се оние кои им служат на ѕвездите. Да ти се поклонуваат Тебе, Сонцето на правдата и да те познаваат Тебе од висина на Исток, Господе, слава Ти!“




Обичајот вели дека денеска не се чисти куќата, бидејќи Божиќ во православието се слави три дена. На третиот ден од празникот Божиќ светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и пpвоmaченик Стефан.