Врвен рецепт за колач со јаболка…Брзо, лесно и многу вкусно…Десерт за секој ден од евтини состојки…Сите го бараат овој рецепт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јаболка
60 г путер
40 г шеќер
3 јајца
1 лажичка ванилин шеќер
1 прстофат сол
130 г шеќер
100 мл млеко
2 лажици кисела павлака/цврст јогурт
300 г брашно (8 лажици)
1 лажичка прашок за печиво
мед за премачкување на колачот
кокос за посипување
ПОСТАПКА:
Растопете го путерот со шеќерот на умерена температура, па додајте ги јаболката исечкани на коцки и гответе ги 10-тина минути.
Со миксер пенасто изматете ги јајцата со шеќер и прстофат сол, па додајте ги млекото и павлаката. На крај додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво.
Во тестото сипете ги јаболката сосе сосот. Целата смеса распоредете ја во калап 25х15 обложен со хартија за печење и намастен. Печете 40-45 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.
Топлиот колач премачкјате го со малку мед и посипете го со кокос. Постапката погледнете ја ОВДЕ.