Како што посочија метеоролозите, овaa зима не е најладната досега, но сепак се соочуваме со многу ниски температури. Декември измина без многу врнежи од дожд, а според некои прогнози се наговестуваше и снег, но тоа не се случи.




Последните денови од декември ќе се движат околу просечна температура од 16 степени, со исклучок на 29 декември кој беше цел врнежлив. Декемвриските денови беа исклучително топли (за разлика од претходните години), иако се очекуваа повеќе врнежи и пониски температури.




Последниот ден од годината се очекува температурите да стигнат до 13 степени преку ден со 12% шанса за врнежи. Времето се очекува да биде релативно сончево со средна и променлива облачност.




За време на ноќта кон првиот ден од јануари, температурите ќе се симнат до 1 степен. Небото ќе биде главно ведро со 14% шанса за врнежи. Ветровите ќе бидат главно променливи со 5 километри на час од WNW.




Месечината ќе изгрее во 4:18 и ќе се наоѓа во првата фаза на затемнување. Во првите денови од јануари се очекува облачно време со повремено сонце. На први јануари температурите ќе достигнат до 16 степени со ниска ветровитост.




Преку ноќта на 1 јануари се очекува температурите да бидат 5 степени, што е значително многу повисоко од првата вечер. Во текот на јануари се очекуваат врнежи помеѓу шестиот и седмиот ден.




Потоа повторно нè очекуваат сончево-облачни денови во следните 3 дена, а потоа врнежи во текот на наредните денови до 13 јануари. Температурите во просек ќе бидат 9 степени. Во преостанатата половина од месецот се очекува температурите во просек да изнесуваат 4 степени во текот на денот.




Поконкретно за Скопје, во јануари се очекува денот да трае во просек 10 часа, од кои 2 часа се очекува сонце. Просечната температура ќе се движи помеѓу 3 и 4 степени, а во 11 дена од месецот се очекуваат врнежи.




Температурите за време на вечерните часови се очекуваат да достигнат под нулата, односно до -4 степени. Јануари нема да донесе голема влажност и топлина на воздухот, а УВ индексот ќе биде исклучително низок. Подетално за временската прогноза може да погледнете ОВДЕ.