Д-р Дино Тарабар предупредува дека добрите бактерии во цревата треба да се нахранат, започнувајќи од појадокот, па преку целиот ден, бидејќи тие се одговорни за нашиот имунитет.

NMD.mk

Честите столици, к рв во столицата, б олки во стомакот, покачена температура или анемија се главните симптоми поради кои п ациентите со воспалителна болест на цревата се јавуваат на лекар.

Но, кај некои цревни заболувања пациентите може да се жалат на несакано слабеење, промени на кожата, малаксаност, а сите тие проблеми всушност да имаат дигестивна природа, објасни д-р Дино Тарабар.

Освен генетските предиспозиции, најголема причина за цревни проблеми е и погрешната исхрана, вели д-р Тарабар. Не само што јадеме премногу, туку јадеме и многу погрешна храна – наместо овошје, зеленчук, варено месо и храна која содржи влакна, луѓето јадат масна, пржена, слатка, индустриски преработена храна.

Нашиот желудник и црева се чувари на нашиот имунитет“, вели гастроентерологот. „Имаме 10 на 14. степен бактерии во цревата, а има десетпати помалку клетки. Имаме килограм бактерии во цревата и секоја од нив прави нешто за нас – некои се добри, некои лоши – тие влијаат и на алергиите, системските болести, па дури и т ешките болести како што е koвид.

Сите проблеми се случуваат поради зголемената пропустливост на цревната бариера и грам-позитивните бактерии преминуваат во кр-вотокот, кон белите дробови. Важно е постојано да одржуваме здрава цревна флора бидејќи тоа е клучно за нашиот имунитет – за овие бактерии да делуваат позитивно кај нас, треба да ги храните.

Затоа започнете го денот со палента, качамак, трици, овес, проја. Нашето тело не може да свари некои од нивните состојки, но овие бактерии можат. Кога се хранат, тие ќе се бо-рат со лошите бактерии.

Наутро треба да јадете храна богата со растителни влакна и да пиете многу течности. За ручек задолжително јадете супа, салата, варено месо и никогаш пржено. Не треба да претерувате во количината или маснотиите на храната.

Навечер јадете протеини, она што ви останало од ручекот и салата, а не јаглехидрати – никогаш компири, тестенини или пица“, советува д-р Тарабар.