Пицата е едно од неколкуте јадења кои ги обожаваат дечињата. Ова тесто за пица ми е подарок од мајка ми која живее на село и уште откога знам за себе, таа ја подготвуваше на овој начин и до ден денес вака ја прави. Моите дечиња ја обожаваат нејзината пица и велат дека е најубавата која ја пробале.
![]()
![]()
![]()
![]()
Затоа ѝ го побарав рецептот на мајка ми, а таа со задоволство ми го подари и ми рече: „Во село кај нас, има најубава домашна пица.“ Всушност, тестото излегува навистина перфектно, како да e месено од професионалци. Пробајте и ќе се уверите. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,5 чаша топла вода (300 мл), 1 пакетче свеж квасец (42 г), 1 лажица шеќер (20 г), 2 лажици маслиново масло (20 мл), 1 лажичка сол (8 г), 4 чаши брашно (480 г). ЗА ФИЛОТ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 3 лажици кечап (доматна паста), 1 лажичка оригано, два видови рендан кашкавал (количина по желба), салама или некое друго сувомеснато или подгответе фил по ваша желба, со намирници кои што ги имате во фрижидер.

![]()
![]()
![]()
![]()

ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете ја водата, додајте го свежиот квасец и малку издробете го со рацете. Потоа, додајте го шеќерот и измешајте ги состојките, додека да се соединат. Кога квасецот ќе почне малку да набубрува, додајте го брашното, измешано со солта.

![]()
![]()
![]()
![]()

Измешајте ги состојките со дрвена лажица додека да почне да се соединуваат во компактно тесто. Потоа преминете на месење со раце. Замесете фино и меко тесто, неколку минути, додека состојките убаво да се соединат и тестото да стане еластично. Пред крајот додајте го маслиново масло и месете го уште малку, додека да се впие целосно.

![]()
![]()
![]()
![]()

Покријте го садот со тестото со пластична фолија или со памучна крпа и оставете го да се удвои на топло место, околу 30-тина минути. Потоа, префрлете го на рамна, набрашнета површина, размесете го уште сосем малку и со прстите развлечете го обликувајќи го во правоаголник. Земете оклагија и развлечете го во големина на плех од рерна.






По потреба, наросувајте со брашно. Со помош на оклагијата, префрлете го тестото врз плехот и распоредете го низ целата површина. Претходно врз плехот ставете хартија за печење. Изрендајте од двата видови кашкавал и наредете околу краевите на тестото во подебел слој, оставајќи 2-3 прсти на самите краеви.

Кога ќе го распоредите, со краевите кои што се нанадвор, преклопете врз кашкавалот. На тој начин, печената коричка ќе излезе многу мека и сочна. На средина, премачкајте го тестото со доматниот сос, помешан со оригано. Ставете ја пицата да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 15-тина минути.


За тоа време, ќе фати фина коричка од страните. Извадете го плехот од рерна и на средина врз филот ставете кашкавал, јас обично ставам обилно кашкавал одозгора и неколку парчиња салама или некое друго сувомеснато. По желба, може да ставите маслинки, печурки, сирење…


Вратете ја пицата да се допече во рерна уште 10-тина минути, додека кашкавалот да се стопи, а потоа извадете од рерна, оставете малку да се олади и послужете ја со сечење на коцки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
































