Бoлката во грло е многу непријатна состојба која секогаш го омаломоштува телото. Една читателка по име Мартина, сподели рецепт за подготовка природно сирупче за кое вели дека ѝ помогнало за краток период.

„Во саботата вечерта ме фати грлото и чyвствував непријатност од двете страни. Кога се погледнав во огледало, видов дека имам црвенило, па веднаш знаев дека имам воспаление и морав да го спречам понатамошниот развој на гној.




Во последно време температурите беа променливи, но и бездруго, период е на сезонски настинки и сите што имаат послаб имунитет мора особено да внимаваат. Си го направив овој рецепт за сирупче, кој го имам запишано одамна  и следниот ден веќе немав болки, ниту црвенило.




Во понеделникот отидов на лекар и докторот ми рече дека сум целосно здрава, немам потреба да пијам ништо повеќе. Толку многу ми помогна ова сирупче и ви го препорачувам да си го запишете, за секој случај, да не ви затреба на вас или на некој ваш близок. Правете гаргара на секои 2 часа, најмалку 30 секунди со следнава течност:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лимон – свежо исцеден сок, 2 лажици мед, 2 лажици јаболкова киселина, 1 лажица вода. ПОСТАПКА: Исцедете сок од лимон, па во него додајте ги останатите состојки (2 лажици мед, 2 лажици јаболков оцет и 1 лажица чиста вода).




Добро промешајте за да се раствори медот и да се добие еднолична смеса. Со оваа течност правете гаргара на секои два часа, колку подолго можете да издржите, но не пократко од 30 секунди. Течноста не ја голтајте, туку плукнете ја во одводот. За испирање на грлото може да користите и солена вода, или посилен чај приготвен со жалфија во кој сте додале и мед. Многу помага и чај од диво оригано.




Исто така, во останатиот период од денот, направете си чај од овие состојки: пригответе 250 мл вода, 1 лажица маточина, 2 лажици свежо исцеден лимон, мед по вкус. Со врела вода прелијте ги листовите на маточината и оставете чајот да се олади на температура 36-37 степени. Потоа додајте свеж лимонов сок и по желба засладете со мед. Во продолжение прочитајте уште неколку рецепти за лековити сирупи:

НМД.мк




ЛЕКОВИТИ СИРУПИ: Во еднакви делови помешајте млеко (по можност козјо), мед и пржен црвен кромид. На секои два часа консумирајте по 1 лажичка. Направете сируп од еднакви количини мед и исцеден сок од црвен кромид. Консумирајте на секои 2 часа по 1 лажичка.

кромид во мед-природен антибиотик / Мартин Најдовски




РЕЦЕПТ ЗА СИРУПЧЕ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г шеќер, 300 мл вода, 100 г лимон, 1 лажица корен од бел слез, 1 лажица сува жалфија, 1 лажица сув цвет од камилица, 6 мали ловорови листови, 1 лажица мед.




ПОСТАПКА: Прво се приготвува лимонот. Ако не можете да пронајдете органски лимон, тогаш лимонот кој го имате ставете го во воден раствор со сода бикарбона. Во 300 мл вода ставете една полна лажичка сода бикарбона и мешајте додека содата да се раствори.




Потоа потопете го лимонот и оставете да отстои најмалку половина час. Потоа добро исплакнете го под млаз ладна вода. Шеќерот ставете го во подлабок сад. Садот ставете го на тивок оган и полека мешајте додека да се карамелизира.

Внимавајте да не ви загори зошто ќе горчи. Тргнете го од оган, додајте врела вода и повторно вратете назад. Мешајте на тивок оган додека да се растопи карамелот. Потоа во течноста која врие ставете корен од бел слез, жалфија, камилица, ловоров лист и лимон исечен на тркалца заедно со кората. Кога смесата ќе проврие варете на умерен оган, поклопено, 5 минути. Тргнете од оган и оставете да излади.

Во ладниот сируп додајте полна лажица мед и мешајте додека медот да се раствори. Сирупот складирајте го во стаклено шишенце и чувајте го во фрижидер. Излегува околу 400 мл сируп. Употреба за возрасни: 3 х 1 лажица, не е врзано со јадење, може пред или после јадење. Рецепт на Верица Николиќ.