Дури откако изеле две третини од салатата, ја откриле жабата.
Еден брачен пар биле шокирани кога ја изеле речиси цела салата пакувана во кеса, а потоа меѓу руколата пронашле жива жаба – јавуваат британските медиуми.
Џо Арчер Џој (30) и неговата сопруга Сара Вокер (33) купиле салата од локалната продавница.
Дури откако изеле две третини од руколата пакувана во кеса и откако стоела два дена во фрижидер, откриле дека внатре има жаба.
-Мојата сопруга беше вџашена. Тоа беше прилично голема жаба….која живеела во нашиот фрижидер два дена – изјавил Џо.
Брзо се ослободиле од несаканиот гостин.
-Жабата ја пуштив во градината и таа само си отскокна во тревата. Не изгледаше како да е премногу вознемирена – рекол тој.
Додал и тоа, дека неговата сопруга веќе не јадела салата.