Тимот на физиотерапевти при Zan Mitrev Clinic по повод одбележаниот ден на физиотерапевти, 8 септември, се вклучува во кампањата за одбележување со спроведување на физиотерапевтска проценка / прегледи на локомоторниот апарат со 50% попуст. Акцијата ќе трае од 10 до 30 септември 2019.
Постурата претставува начинот на кој го држиме нашето тело. Постојат два вида:
– Динамичен став е како го држите телото кога се движите, шетате, трчате или се наведнувате за да земете нешто.
– Статички став е како го држите телото кога не се движите, седите, стоите или спиете.
Сигурно не можеме да замислиме еден ден без мобилен телефон. Тоа стана дел од нашиот секојдневен живот, кога стануваме зависни во многу ситуации. Но, она што многу од нас не го знаат е дека прекумерната употреба на мобилните телефони предизвикува оштетување на нашето тело.
Експертите сè повеќе зборуваат за оваа тема и не можеме да ги игнорираме бидејќи нашата цел е да обезбедиме удобност и квалитетен живот за луѓето преку ергономијата.
Во најголем број од случаите проблемите настануваат од погрешната позиција на телото при користење на мобилниот телефон.
Најчести проблеми кој се јавуваат со прекумерното користење на смартфоните се:
– главоболки
– болки во рамениот појас
– искривување на рбетниот столб
– оштетување на видотОд илустрацијата може да се заклучи дека рбетниот столб се подложува на сила според положбата на главата.
Во неутрална положба со агол од нула степени имаме оптовараување од 6 килограми што би било тежината на нашата глава, но со зголемување на аголот оптеретувањето врз рбетот се зголемува.
Најчестата положба што ја заземаме е околу 30 степени што е околу 18 килограми тежина.
Вообичаено трошиме во просек 2 до 4 часа дневно користејќи ги нашите смартфони што значи дека нашето тело е изложено врз огромен притисок.
За да ги избегнеме овие проблеми и да си го зачуваме нашето здравје мораме да научиме како да ги користиме уредите без да го оптоваруваме нашето тело.
Потребно е секогаш телефонот да го држиме на ниво на очите и така ќе се принудиме да ја држиме главата, вратот и рамената во подобра положба.
Периодично да ја движиме главата од едната на другата страна за протегнување на мускулите.
Застанете на вратата, истегнете ги рацете и наведнете го градниот кош. Ова ке помогне да се релаксираат мускулите кои се фиксираат во една положба при долго користење на паметниот телефон.
Неправилната позиција на телото може да го намали капацитетот на белите дробови за дури 30% со што се зголемуваат шансите за кадриоваскуларни болести.
За да не дојде до нарушување на постурата потребно е секојдневно да вршиме физичка активност трчање, пливање, вежби за истегнување и јога.
Тимот на физиотерапевти при Zan Mitrev Clinic по повод одбележаниот ден на физиотерапевти, 8 септември, се вклучува во кампањата за одбележување со спроведување на физиотерапевтска проценка / прегледи на локомоторниот апарат со 50% попуст. Акцијата ќе трае од 10 до 30 септември 2019.
Закажување за промотивен физиотерапевтски преглед може да се направи на следниот телефонски број 02/3091500 или 02/3091 484 – секој работен ден од 8 – 20 часот.
Врз основа на спроведен физиотерапевтски преглед секој пациент добива индивидуални препораки за понатамошен третман или дополнителна дијагностика.
Мултидисциплинарниот пристап за третман на мускулни скелетни заболувања како и достапност до најсовремена брза дијагностика во комбинација со долгогодишна клиничка пракса се можност за навремен и ефикасен третман.