ВЛАШКА САЛАТА…Совршено зимско предјадење…Ако сте љубител на печени пиперки, тогаш оваа салата е одличен избор.
Од овие состојки се добива голема количина за повеќе луѓе, но ако ја подготвувате за 5-6 лица, тогаш слободно двојно намалете ја мерката. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г печени пиперки (излупени, исчистени и ситно исечкани)
600 г фета сирење
200 г сланина (ситно сечкана и пропжена)
4 варени јајца
100 г мајонез
ПОСТАПКА:
Издробете го сирењето со виљушка додека да стане кремасто, па додајте сечкани печени пиперки. Промешајте, па додајте рендани варени јајца. Соединете со мајонез и на крај додајте ја сланината.
Пред послужување салатата добро изладете ја. Постапката погледнете ја ОВДЕ: