ВЛАШКА САЛАТА…Побрза и повкусна од руската салата…Едноставен рецепт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г фета сирење
500 г печени пиперки
4 варени јајца
200 г пржена сланина
100 г мајонез
ПОСТАПКА:
Сланината исечкјате ја на ситни коцки и пропржете ја. Процедете ја од маста и оставете настрана да се олади. Сирењето со виљушка иситнете го и помешајте го со печените пиперки, претходно ситно исечкани.
Варените јајца исто така, ситно исечкајте ги и сипете ги во смесата, а потоа додајте ја и оладената сланина. на крај додајте го мајонезот и сѐ соединете. Постапката погледнете ја ОВДЕ: