ВЛАШКА САЛАТА…Многу кремаста и пикантна, со сирење, сланина и печени пиперки…Како мезе или прилог…Прсти да излижеш…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 г фета сирење, иситнето
150 г сланина, ситно сечкана, на коцки
4 печени пиперки (200 г), сечкани на коцкички
2 варени јајца, рендани
1 печена лута пиперка, сечкана ситно
3 чешниња лук, рендани
2 лажици мајонез
сол по вкус
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад сипете го сирењето, сланината, пиперките, јајцата, мајонез и лукот. Добро измешајте и по вкус посолете. Пред послужување добро изладете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.