Направете вкусен деликатес како прилог за ручек или мезе за со пиво.

Потребни состојки:

2-3 тиквички

3-4 чешниња лук

Сув зеленчуков зачин (вегета)

Сол, црн пипер

Подготовка:

Тиквичките не се лупат, се сечат на дебели кругови, па се оставаат половина час да се исушат.

Се пржат на врело масло, додека не добијат убава боја.

Се ставаат во чинија со ситнет лук над нив, сол, бибер и вегета.

Додадете си и зачини по желба.