Оваа мусака ми е омилена, па затоа ја споделувам со секој што го познавам. Моите дома ја обожаваат и најмалку 2-3 пати седмично ја подготвувам за ручек. Целата подготовка одзема околу 30 минути, а најмногу ми одговара да ја правам во овој жежок период кога сакаш побрзо да избегаш од кујна. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г мелено месо (по ваш избор), 7-8 компири, сол, црн пипер, сува мајчина душичка, 2 колбасици, кисели краставички, 3 главици кромид, 4 јајца, 200 мл неутрална павлака, млади кромитчиња.




ПОСТАПКА: Компирите се мијат под млаз ладна вода, се лупат и уште еднаш се одмиваат додека да се отстранат нечистотиите. Ако користите млади компири може да ја сочувате лушпата, но добро истријте ја со четкичка или сода бикарбона.




Потоа добро исушете ги компирите во крпа, па исечете ги на кругови, со дебелина од половина милиметар и целата количина поделете ја на два еднакви делови. Во огноотпорен правоаголен сад наредете еден слој од компири, односно едната половина која ја издвоивте претходно.




Одозгора посолете ги компирите и зачинете со црн пипер. Меленото месо исто зачинете го по вкус, но не заборавајте на количината на сол која што ја имате додадено претходно на компирите. Зачинете го месото со црн пипер и измешајте го додека зачините да се инкорпорираат во него.




Настрана исечкајте мајчина душичка ако имате свежа или користете сув зачин и додајте го во месото, па соединете. Месото се реди одозгора врз месото и слојот се измазнува рамномерно насекаде. Потоа исечкајте го кромидот ситно на коцки или кругови и наредете го одозгора врз месото.




Киселите краставички исто се сечат на кругови и се редат на кромидот. Колбасиците се сечат на кругови и се редат одозгора како нов слој. На крајот смесата се завршува со втората половина од компирите и се зачинува по вкус.




Настрана измешајте ја неутралната павлака со јајца и зачини, измешајте ги состојките, па прелијте врз тавата со компири. Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 45 минути. Компирите одозгора треба да се запечат и да фатат коричка.




Се послужува со сечење на коцки, а одозгора се декорира со младо кромитче исечкано на мали кругови. Деталите од целата постапка можете да ги поглендете во видеото ОВДЕ.