Многу вкусни шербетни колачиња кои се топат во уста. Не знаеш за доста штом ги направиш, а излегуваат навистина многу. Од неколку состојки и малку време на трпезата ќе ги послужите и ќе изгледаат многу декоративно.
Покрај тоа стојат навистина долго и не се сушат како другите колачи. Дечињата многу ги сакаат бидејќи се лапни-голтни, а и на возрасните многу им се допаѓаат. Ќе ви бидат потребни следниве состојки:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 125 г маргарин, 120 г шеќер во прав, 60 мл сончогледово масло, 1 кесичка ванилин шеќер или екстракт од ванила, 300 г брашно и кандирано овошје за секое колаче.
ПОСТАПКА: Се подготвуваат многу лесно и едноставно. Едноставно сите состојки се мешаат за да се формира густа смеса нешто помеѓу тесто и излеана како за палачинки, но малку погуста, се формираат во саканата форма и се печат. Поконкретно постапката изгледа вака:
Во подлабок сад ставете го маргаринот кој претходно сте го оставиле да отстои на собна температура минимум 1 час. Разматете го со миксер додека да запени и потоа додајте го јајцето и продолжете со матење.
Кога ќе се соединат состојките повеќе не ви е потребен миксерот туку само една шпатула за размешување на останатите состојки. Додајте го маслото, шеќерот во прав, екстрактот од ванила или 1 кесичка ванилин шеќер и измешајте до соединување.
Потоа започнете постепено да го додавате брашното додека да се измеша добро во смесата без да се формираат грутчиња. Вака подготвената смеса која е нешто помеѓу тесто и разлеана ставете ја во кесичка за кујнски шприц.
На плех поставен со хартија за печење правете форми како на ѕвездичка или нешто по ваш избор. Врз секое колаче одозгора ставете по едно кандирано овошје. Овие колачиња не се премачкуваат со јајце пред да се стават на печење.
Печете ги во претходно загреана рерна на 120 степени околу 20 минути. Колачињата само ќе побелат за време на печењето, не се подигнуваат како оние со квасец, па затоа може да оставате мал простор помеѓу нив. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.