Рецепт и видео презентација на Мои Домашни рецепти – Превкусна вечера, сите ќе сакате да ја пробате.
Потребни состојки: 2 варени компири со средна големина, 500 мл млеко, 150 мл масло, 2 јајца, сол, црн пипер, црвен пипер, сув зачин, 300 г брашно, ½ главица кромид, 300 г мелено месо, 3 лажици доматен сос, 3-4 лажици кисела павлака и 1-2 раце рендан кашкавал. За бешамел: 50 г путер, 1 лажица брашно, 300 мл млеко.
Постапка: Компирите сварете ги во вода со малку сол, па потоа излупете ги и испасирајте ги со помош на виљушка. Додадете 200 мл млеко, 150 мл масло, две јајца и лажичка сол.
Со помош на рачен миксер соединете ги состојките додека да добиете изедначена каша. Додадете уште 300 мл млеко и просеано 300 г брашно. Треба да добиете смеса како за палачинки. На нелеплива тава за палачинки испечете 10 палачинки.
На малку загреано масло испржете го исечканиот кромид, па кога ќе омекне додадете го и меленото месо. Зачинете со сув зачин, црн пипер и црвен пипер. На крај додадете и доматен сос. Промешајте добро и оставете да крчка додека убаво да се запржи.
На страна пригответе го бешамел сосот: растопете го путерот, додадете брашно и пропржете го додека да зарумени малку, па додадете го млекото. Гответе со мешање до саканата густина, околу 1 минута.
Огноотпорниот сад каде ќе ги печете лазањите намастете го со малку масло, па дното обложете го со палачинките. Филувајте со пржено мелено месо и одозгора полејте бешамел сос. Постапката повторете ја додека имате материјал.
Одозгора премачкјате со неколку лажици кисела павлака и наросете рендан кашкавал. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час додека да зарумени. Одозгора наросете со ситно сечкано младо кромитче и послужете. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.