Екстра вкусни и меки земички за појадок, со кои ќе ги израдувате најмилите…
Потребни состојки: ½ квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 200 мл вода, 300 г брашно, 1 јајце и малку масло. За премачкување: 1 жолчка, сусам за наросување
Постапка: Во млака вода или млеко промешајте го квасецот со лажичка шеќер, додадете го јајцето, сол и брашно, па замесете тесто.
Тестото оставете го на топло да се удвои. Стасаното тесто премесете го и поделете го на помали делови.
Обликувајте топчиња и распоредете ги во намастен плех. Премачкајте ги со жолчка и наросете ги со сусам. Можете и да ги засечете за да изгледаат подекоративно.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени додека да заруменат. Кога се печени извадете ги од рерна и покријте ги со крпа за да омекнат.