ВКУСНИ И ДИЕТАЛНИ МАФИНИ ЗА 5 МИНУТИ: Без шеќер и масло, можете сите да ги изедете…Ако сте во потрага по нешто вкусно, а диетално, тогаш запишете си го овој едноставен рецепт. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г мелени овесни снегулки
2 големи јаболка
100 мл вода
80 г брусница или бобинки по ваш избор
80 г сечкани бадеми
1 лажичка ванилин екстракт
1-2 лажици стевиа или засладувач по ваш избор и вкус
2 јајца

ПОСТАПКА:

1.Овесните снегулки сомелете ги во блендер за да добиете брашно. Додајте ги бобинките по избор и промешајте.

2.Јаболката исечете ги и сомелете ги во блендер со вода, за да добиете каша. Сипете ја јаболковата каша во овесот.

3.Додајте сечкани бадеми на ливчиња (може и ореви или по избор), ванила, засладувач и две јајца.

4.Промешајте со лажица додека сето убаво да се изедначи.

5.Намастени калапи за мафини полнете ги со смесата и печете ги 25 минути во загреана рерна на 180 степени.

6.Печените мафини покријте ги со крпа за да се подизладат, па послужете ги.

Постапката погледнете ја ОВДЕ (7.рецепт во видеото).