Меките погачи се најдобри за почеток на денот.

Потребни состојки: 500 г брашно, 180 мл топло млеко, 2 јајца, 60 мл топла вода, 1 лажичка сол, 1 лажица шеќер, 2 лажички сув квасец, 50 г растопен путер, 1 жолчка и 2 лажици млеко – за премачкување

Постапка: Во еден сад измешајте брашно, сол, шеќер и сув квасец. Потоа во таа смеса додадете млеко, вода и јајца, па замесете мазно тесто.

Тестото треба да биде меко и малку лепливо за раце, не премногу. Кога ќе го измесите, тестото оставете го на собна температура да стасува покриено со фолија додека да се удвои. Префрлете го тестото на набрашнета површина и повторно, лесно премесете го. Формирајте валјак и поделете го 5 дела, а од секој дел формирајте топче.

Топчињата само малку сплеснете ги со дланката и редете ги во плех обложен со хартија. Покријте ги со крпа и оставете ги 15-тина минути. Потоа премачкајте ги одозгора со разматена жолчка со малку млеко и наросете сусам. Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 15-20 степени или во зависност од рерната.

Emiramis kuhinja