Рецепт и видео презентација на Мои Домашни Рецепти – Вкусни и брзи колачи, за 10 минути готови.

Кога ви се јаде нешто слатко, а брзо, посегнете по вкусните кекси – пишкоти, сварете еден брзински фил со пудинг, декорирајте со чоколадна глазура и веднаш добивате десерт како да е излезен од слаткарница.

Потребни состојки:

500 мл млеко
2 пудинзи од ванила (74 г)
5 супени лажици шеќер
100 г бело чоколадо
300 г пишкоти
нескафе за натопување на пишкотите

За глазура:

80 г чоколадо за готвење
1 супена лажица путер

Постапка:

Во тенџере измешајте половина литар млеко со прашокот за пудинг од две кесички и додадете 5 лажици шеќер. Убаво промешајте и загревајте со постојано матење додека пудингот да згусне.

Во топлиот крем додадете 100 г бело чоколадо искршено на коцки и брзо промешајте за да се растопи и соедини со филот. Кремот оставете го да се олади 10 минути, а потоа наполнете го во шприц.

На страна разматете нескафе во вода или млеко со јачина по ваша желба, па во него кратко натопувајте ги пишкотите и редете ги во чинија. Врз секоја пишкота со шприцот истиснете од кремот, па поклопете со друга пишкота (како индијанки).

За глазура: на тивок оган растопете 80 г чоколадо со една супена лажица путер. Со течната глазура прелијте ги колачите одозгора во вид на шари или по желба. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.