Рецепт на Јелена од Бакина Кујна. Вкусни галети-тостерки кои се подготвуваат за неколку минути. Смесата е готова за 2 минути, а потоа само се печат. Ние ги јадеме и благи и солени. Децата најмногу ги сакаат со Нутела или мармалад, но и солените се многу вкусни.
Рецептот го имам со години, така што е проверен и нема да згрешите доколку ја следите количината на состојките. Може да се печат во специјален апарат за вафли / галети, но доколку немате, одлично се прават и во обичен тостер, доколку не е леплив.
Јас ќе ви претставам тру смеси кои редовно ги практикувам, а вие одлучете која варијанта ви изгледа повкусна. Првата и втоарата смеса се за подготовка на галети со масло, а третата без масло, слични се.
I Варијанта. Потребни состојки: 2 цели јајца, 130 г брашно, 50 г масло, 70 г шеќер (може и 100), малку изрендана кора од лимон, 1 ќесичка ванилин шеќер. II Варијанта. Потребни состојки: 5 јајца, 550 – 600 г брашно, 150 мл масло, 1 ќесичка прашок за печиво, малку изрендана лимонова кора.
III Варијанта без масло. Потребни состојки: 300 г брашно, 100 г шеќер, 1/2 ќесичка прашок за печиво, 1 ќесичка ванилин шеќер, 2 јајца, 100 мл млеко, малку изрендана лимонова кора.
Постапка за првата варијанта: Во еден сад додајте 50 г масло, а потоа додајте го шеќерот. Може да ставите и 100 г шеќер по вкус. Количината на состојките зголемете ја по желба.
Додајте 1 ќесичка ванилин шеќер, па добро изматете со миксер додека да добиете кремаста структура. Потоа додајте 2 јајца и повторно изматете. Вклучете го апаратот за галети да се загрее додека ја подготвувате смесата.
Во смесата додајте го просеаното брашното заедно со прашокот за печиво и добро изматете со рачна маталка. На крајот се додава лимоновата кора за подобар вкус. Добро изматената хомогена смеса печете ја во апаратот за галети или тостер.
Слично се подготвуваат и другите состојки, по сличен редослед на состојките. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ. Галети готови за само 10 минути, а не треба ни да се месат – вкусот нема да ве остави рамнодушни. Рецепт и видео презентација на Gala Food – Галети без месење, готови за 10 минути.
Ова е колачот кој го правеа нашите баби, па доколку одамна не сте го јаделе, направете го и запишете си го рецептот – ќе ве врати во детството овој рецепт кој се чува од заборав.
Потребни состојки: 2 јајца, 100 мл млеко, 100 мл масло, 6 лажици шеќер, 1 ќесичка ванилин шеќер, 400 г брашно, 1 ќесичка прашок за печиво. Постапка: Во подлабок сад изматете ги двете јајца со виљушка, па додајте 100 мл млеко, 100 мл масло, 6 лажици шеќер и 1 ќесичка ванилин шеќер.
Промешајте со лажица за да се соединат состојките и да се растопи шеќерот. Во смесата додајте 400 г брашно и 1 ќесичка прашок за печиво. Мешајте со лажица додека да се соединат состојките и да добиете меко тесто – компактна смеса како на видеото.
На загреаниот тостер со помош на лажица ставајте од тестото (не е важна формата) и поклопете и печете неколку минути. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.