Потребни состојки:

1 модар патлиџан

1 чаша кисела павлака

1/2 китка копар

1 шолја крупно сечкани ореви

2 чешниња лук

сол по вкус

Постапка:

Модриот патлиџан исечете го на ленти.

Испржете го и ставете го врз кујнска хартија за да се исцеди вишокот масло (доколку сте во можност, модриот патлиџан, наместо да се пржи, испечете го на скара, или малку испрскан со маслиново масло испечете го во рерна).

Копарот ситно исечкајте го. 

Лукот изрендајте го. 

Во сад се мешаат киселата павлака, копарот, лукот, оревите и солта. 

Измешаната смеса поделете ја врз лентите модар патлиџан и виткајте ролати.

Можете да ги фиксирате со чепкалка за заби.