Тирамису на италијански јазик значи „развесели ме“, а десертот со ова име навистина развеселува со својот вкус. Овој рецепт за многу вкусни бомбици треба да си го запишете зошто навистина е одличен.

Тирамуси тартуфите не само што ќе ве развеселат, туку и ќе ве направат среќни. Замесувањето на смесата од која ќе ги правите бомбиците ќе ви одземе само 10 минути, а еве што ви е потребно:

 




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,5 лажичка инстант кафе, 30 мл врела вода, 250 г маскарпоне (крем сирење, може и филаделфија или некое друго), 50 г шеќер во прав, ванила, 140 г пишкоти од подебелите (долгнавести кекси), нутела за полнење, засладено или обично какао за валање на бомбиците




ПОСТАПКА: Во помал сад ставете една ипол кафена лажичка (полна) инстант кафе и прелијте со 30 мл врела вода. Добро промешајте со лажичка за да се растопи кафето, па тргнете настрана да се олади.




Во посебен сад ставете 250 г маскарпоне и додајте 50 г шеќер во прав. Добро промешајте со лажица или шпатула сè додека да добиете мазна и кремаста структура.




Во маскарпонето додајте го оладеното кафе и неколку капки ванилин екстракт (околу половина лажичка). Промешајте додека да се изедначат состојките во хомогена смеса. Смесата која е основа за тирамисуто-кремот треба да изгледа вака:




Пишкотите или некои други кекси по ваш вкус искршете ги на помали парчиња и сомелете ги во блендер, па додајте ги во тирамису-кремот. Промешајте додека кексите целосно се впијат во кремот во една изедначена смеса.




Вашата смеса е готова, а за полесна обработка на бомбиците, оставете ја да се стегне во фрижидер околу половина час. Потоа црпете со лажичка и со помош на дланките обликувајте топчиња и валајте ги во какао. Многу се вкусни и како такви, а можете и да ги полните со фил.




ТИРАМИСУ ТАРТУФИ СО НУТЕЛА: Со лажичката одвојте парче од смесата, со дланките формирајте топче, потоа сплескајте го, ставете во средината малку нутела, па повторно затворете го и формирајте топче. На крај валајте го во какаото. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.