Home закуска Вкусни ќофтиња, прсти да излижеш! Ги правам 3 пати неделно, ми одзема...

Вкусни ќофтиња, прсти да излижеш! Ги правам 3 пати неделно, ми одзема само 10 минути

Сочни ќофтиња со крем-сос и пире од компири

Овој рецепт за ќофтиња со богат крем-сос и меко пире од компири е совршен избор за вкусен и заситен семеен оброк.

Подготвен за кратко време, овој оброк комбинира едноставни состојки со прекрасни вкусови, создавајќи јадење што ќе го обожавате.

Следете ја постапката и уживајте во домашна храна приготвена со љубов, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

За ќофтињата:
– 500 г мелено говедско месо
– 1 јајце
– 5 г (1 лажичка) сенф
– 1 мал врзоп магдонос
– 16 г (2 лажици) лебни трошки -презла
– 150 г чедар сирење или кашкавал по избор
– 8 г (1 лажица) брашно
– 40 г путер
– малку сол
– малку црн пипер

За сосот:

– 2 главици кромид
– 3 чешниња лук
– 150 г шампињони
– 8 г (1 лажица) брашно
– 200 мл вода
– 300 мл течна павлака (22% масленост)
– 5 г (1 лажичка) сенф
– 150 г моцарела или кашкавал
– малку сол
– малку црн пипер
– малку маслиново масло

За компир пире:

– 900 г (6 компири) компири
– 5 г (1 лажичка) сол
– 20 г путер
– 100 г пармезан или кашкавал
– 100 мл павлака (22% масленост)
– малку црн пипер
– неколку гранчиња копар
– 1 мал врзоп магдонос
– НМД

Постапка

На малку масло и растопен путер пропржете го кромидот  додека да омекне, па додајте ситно сечкано лукче. Динстајте кратко па додајте ситно сечкани печурки.

Посолете и запиперете по вкус. Динстајте додека да испари вишокот течност. Оставете да се подизлади.

Во меленото месо додајте го јајцето, сенфот, ситно сечкан магдонос, динстаните печурки, посолете и запиперете, па со рака измесете ја смесата додека сите состојки добро се соединат.

Пред крај додајте ги лебните трошки. Добро изедначете. Правете топчиња од смесата, а во средината ставете мало парче кашкавал (чедар).

Потоа секое ќофте валајте го во брашно. Пржете ги ќофтињата додека да заруменат. Испржете ги кромидот и лукот, па додајте една полна лажица брашно.

Кога ќе се запржи и брашното сипете вода и мешајте додека да згусне. Потоа додајте ја павлаката и гответе до посакуваната густина. Зачинете со лажичка сенф, сол и црн пипер.

Намастете огноотпорен сад па сипете го сосот. Наредете ги ќофтињата и потопете ги во сосот. Одозгора посипете рендан кашкавал и печете 20-25 минути на 180 степени.

Сварете ги излупените и исечени компири во вода во која сте додале сол. Потоа испасирајте ги, додајте путер, сол и црн пипер по вкус, павлака, ситно сечкан копар и рендан пармезан.

Дополнително изматете со миксер за да се соединат состојките. Послужете топло коже со сос и компир пире.

Уживајте во овој вкусен и лесен оброк, совршен за секоја пригода! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

https://youtu.be/_Or5fUjazvQ?si=7P0NIOBN7KPxY7gC