Вкусна торта без печење која се прави за 8 минути…Кремаст колач со бисквити…Се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 мл слатка павлака
2 јајца
70 г шеќер
45 г скроб
500 мл млеко
50 г мек путер
5 мл есенција од ванила
200 мл топло млеко
10 г инстант кафе
500 г какао бисквити
90 г млечно чоколадо

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере измешајте јајца, шеќер, скроб и млеко, па доведете до вриење и варете на намалена температура со непрекинато мешање додека да згусне (15 мин).

2.Топлиот крем сипете го во посебен сад, додајте ги путерот и ванилата, па мешајте додека да се инкорпорираат. Покријте со пластична фолија и оставете да се олади на собна температура, 30 минути.

3.Слатката павлака (ладна, од фрижидер) изматете ја во шлаг. Започнете постепено да го додавате оладениот крем во шлагот, па сето соединете го со миксер.

4.Во калап 25 см ставете еден слој крем, па еден ред бисквити кратко потопувани во кафе растворено во млеко. Продолжете со редењето крем-бисквити додека да го потрошите материјалот. Завршете со крем.

5.Оставете го колачот во фрижидер половина час. Одозгора декорирајте со рендано чоколадо. Постапката погледнете ја ОВДЕ.