Рецепт и видео презентација на “Гала фуд (Gala Food) – Пита сончоглед со спанаќ.

Потребни состојки:

200 мл млеко
100 мл масло
1 белка
2 лажички сол
1 лажичка шеќер
1 лажичка прашок за печиво
1 сув квасец
600-700 г брашно

Прв фил:

100 г сирење
1 јајце
1 лажица пченкарно брашно

Втор фил:

200 г спанаќ
100 г сирење
1 јајце
1 лажичка пченкарно брашно

и уште:

1 жолчка за премачкување
сусам
ленено семе

Постапка:

Во подлабок сад ставете една чаша млако млеко, половина чаша масло, една белка од јајце, две лажички сол, една лажичка шеќер и една лажичка прашок за печиво. Промешајте убаво да нема грутчиња а потоа додадете еден сув квасец и повторно промешајте. Откако ќе се изедначи смесата започнете постепено да додавате брашно.

Во почеткот мешајте со лажица, а потоа замесете со рака. Тестото префрлете го на набрашнета работна површина и добро изработете го додека да добиете убаво, еластично, средно меко тесто.

Покријте го со фолија и оставете го да стасува еден час на собна температура. Во меѓувреме пригответе го првиот фил: со виљушка издробете го сирењето, додадете лажица пченкарно брашно и јајцето, па помешајте.

Втор фил: Спанаќот обарете го, исцедете го и исечкајте го. Додадете дробено сирење, лажица пченкарно брашно и јајце, па убаво промешајте.

Стасаното тесто поделете го на два дела, а секој дел развлечете го со оклагија во тркалезна кора (за да добиете идеален круг послужете се со тепсија како модла). Кората префрлете ја во плех обложен со хартија. По краевите нанесете го првиот фил од сирење и јајце. Во средината ставете го вториот фил од спанаќ.

Одозгора поклопете со втората кора, па со прстите притиснете за да се одделат филовите и да се добие форма на цвет. Потоа надворешниот прстен (оној со сирење) исечете го на ленти со широчина од приближно 2 см и вртете ги пресечената страна нагоре.

Одозгора премачкјате ја со жолчка, наросете обилно со сусам, а средината наросете ја со ленено семе. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени додека да зарумени. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.