Фото и рецепт: Сенчи

Потребни состојки:

8 белки
8 лажици шеќер
8 лажици брашно
½ прашок за печиво

За фил:

500 мл млеко
8 жолчки
2 кесички желатин во прав
500 мл слатка павлака
100 г крупно рендано црно чоколадо
150 г шеќер

Постапка:

Белките изматете ги со шеќерот, па кога ќе добиете цврст снег, со лажица додадете го брашното со прашокот за печиво и внимателно промешајте.

Смесата излејте ја во намастен плех и печете во загреана рерна на 200 степени 30 минути, но ова најмногу зависи од рерната, мојата пријателка ја пече на 190 степени само 10-15 минути. Јас ја печев во плехот од рерна, но моја препорака е да користите со димензии 40х30 см.

Кога кората е печена, прелијте ја со 100 мл врело млеко, па оставете ја да излади.

За фил: Натопете две кесички желатин во малку ладна вода. Половина литар млеко сварете, а жолчкит и жеќерот пенасто изматете ги па прелијте ги со врелото млеко. Не дозволувајте да зоврие, туку само малку загрејте ги за да се сварат јајцата.

Потоа додека е врело прелијте го желатинот и оставете го да излади и да стане млако.

Изматете 500 мл слатка павлака во шлаг, па во него додадете ја смесата од желатин, јајца и млеко, па додадете го крупно ренданото чоколадо.

Прелијте ја кората со оваа смеса, па колачот ставете го во фрижидер неколку часови за да се стегне.