Тестото е навистина феноменално, сите што ја пробале оваа пица, ја пофалиле и ми побарале рецепт. Лесно се подготвува, а филот го подготвувате по желба. Нема кој не ја обожава пицата подготвена од домашно тесто. Ова тесто е крцкаво на краевите, а на средина е меко. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки: 450 г брашно, 5 г сув квасец,5 г сол, 5 г шеќер, 250 мл топла вода, 50 мл масло. Сос: 150 г сос од домати, 30 мл масло, 5 г сол, прстофат суво оригано. За фил: 250 г исечкана шунка/сланина, 250 г рендан кашкавал, 8 зелени маслинки.
ПОСТАПКА: Во 450 г брашно додајте 5 г сув квасец, 5 г сол и 5 г шеќер, па сѐ промешајте до изедначување. Во друг сад измешајте 250 мл топла вода (да не е многу врела) и 50 мл масло. Во трет сад каде што ќе го замесувате тестото сипете ја мешавината од течни состојки.
Додајте 1/3 од мешавината од суви состојки и измешајте до изедначување. Додајте уште една третина од сувите состојки и така сѐ додека да ги соедините двете смеси. Кога смесата ќе почне да се обликува во тесто, преминете на месење со раце. Тестото замесете го така што ќе остане меко и нема да се лепи.
Замесете го тестото на рамна, набрашнета површина, па вратете го во садот каде што првично го замесивте. Покријте го со фолија и памучна крпа и оставете го да нарасне 1 час во топла просторија. Кога тестото ќе се удвои, кратко се размесува, па се развлекува врз хартија за печење, така што ќе биде полесно да се пренесе во плехот.
Според потребите на тестото додавајте си брашно, да не се лепи. Според величината на плехот обликувајте го тестото. Најдобро е да користите обичен плех од рерна со стандардна величина. Тестото обликувајте го така што краевите ќе бидат подебели и свиткани.
Измешајте ги состојките за сосот, па подгответе си ги и намирниците за филување на пицата. Премачкајте го сосот преку тестото, но не врз краевите. Преку сосот наредете го сувомеснатото месо, а одозгора и рендан кашкавал. По желба додајте и други намирници, ние пицата ја сакаме поедноставна.
На крајот додајте 8 маслинки, колку што излегуваат и парчиња. Пицата се пече кратко време на највисока температура или на 250 степени, од 8-15 минути, во зависност од рерната. Деталите погледнете ги ОВДЕ.