Рецепт и видео прилог на Том Филос – Зелник пица.
Досега ги пробавме зелниците со сирење, спанаќ, праз, зелка, месо… а ова е нешто неверојатно интересно и вкусно, приготвено од рацете на вештиот Том Филос. Рецептот е едноставен и лесно објаснет, а сите оние кои не се вешти во месење тесто, истиот рецепт можат да го приготват со готов лиснато тесто.
Потребни состојки: 500 г брашно, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 10 г сув квасец, 300 мл вода и 250 г путер. За фил: доматен сос/кечап, шунка, печурки, оригано, кулен, кашкавал. Питата се пече на 230 степени, половина час
Постапка: Во зад за месење ставете половина килограм тесто, по една лажичка шеќер и сол, една кесичка сув квасец и 300 мл млака вода. Месете со миксер или рачно додека да добиете средно меко, мазно и еластично тесто кое не се лепи на рака.
Тестото поделете го на два дела, а секој дел убаво изработете го и формирајте го со облик на топка. На набрашнета површина развлечете правоаголна кора и одозгора премачкајте ја со 80 г путер омекнат на собна температура. Засечете го на неколку места за да можете да го спакувате во слоеви (како и за секое лиснато тесто, погледни видео).
Вака здипленото тесто оставете го во фрижидер да се стегне околу 15 минути. Истата постапка повторете ја и со другото тесто. Плехот добро намастете го со путер, а после 15 минути одмореното тесто развлечете го повторно во правоаголна кора со големина малку поголема од плехот во кој ќе се пече (по 1 см да се обложат и ѕидовите).
Кората премачкјате ја со доматен сос/кечап и филувајте ја со состојки по ваша желба: листови тенко сечена шунка, печурки, оригано, кулен, кашкавал… Развлечете го и второто тесто, а со кората поклопете ја питата. Одозгора распоредете ситно сечкан путер (80 г) и ставете да се пече во добро загреана рерна на 230 степени околу половина час или додека убаво да зарумени.
Печената пита малку испрскајте со вода и покријте ја со крпа додека да подизлади неколку минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: